Showing posts with label социјални вештини. Show all posts
Showing posts with label социјални вештини. Show all posts

Monday, October 30, 2023

Завршна онлајн конференција од проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН и ИП,

Имам особена чест да ве поканам на завршната онлајн конференција од Еразмус плус проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“ што ќе се одржи преку платформата ЗУМ на 06.11.2023 година со почеток во 17:00 часот. Во последните две години МНЗА, заедно со раководителот на проектот ОУ „Милоје Павловиќ“ од Белград и ФАСПЕР од Белград, Србија направи корисни материјали за наставниците и асистентите кои работат во редвониот образовен систем. Пријавувањето е задолжително на следниот ЛИНК. Само со оставање на точни податоци и точна е-пошта ќе можете да го добиете ЗУМ линкот. Во прилог е програмата на настанот. Го очекуваме вашето присуство и вашиот придонес на самата конференција.

Претседател на МНЗА,

Модератор на конференцијата




Wednesday, March 16, 2022

Понуда на тема за дипломски труд

Почитувани дипломци,

Задоволство ми е да ви понудам готова тема за изработка на диплосмки труд под наслов: „Социјални вештини кај учениците со аутистичен спектар на нарушувања и интелектуална попреченост“. Темата е оригинална, досега не е работена на нашиот институт. Ќе добиете готови стандардизирани прашалници кои ги платило МНЗА, а вие ќе треба да ги преведете и да го направите истражувањето на терен (не онлајн). Го очекувам да го изразите вашиот интерес час поскоро на следната е-пошта. Принципот на прифаќање е прв јавен, прв прифатен под услов да ги исполнувате основните критериуми да бидете мои дипломци.

Со почит,

Менторот

Tuesday, July 16, 2019

МНЗА со нов проект заедно со УНИЦЕФ

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакам да ви соопштам дека МНЗА потпиша договор за соработка со УНИЦЕФ на проектот: “Autism Social Skills and Positive Parenting Program", а финансиски подржжан од Владата на Велика Британија. Ова ќе биде едногодишен проект со времетраење до 31 јули 2020 година. МНЗА веќе 19 години се грижи за квалитетот на живот на децата со аутистичен спектар на нарушувања и нивните семејства во нашата држава и пошироко. Искрено се надеваме дека од овој проект ќе видат голем бенефит самите деца, родителите како и професионалците кои работат во некои од центрите во Македонија. Би сакал да ја изразам мојата благодараност на канцеларијата на УНИЦЕФ за тоа што го препозна овој проект за значаен и му додели минигрант на МНЗА. Исто така благодараност заслужуваат сите вклучени лица кои учествуваа во подготовката на предлог проектот и на состаноците со вработените во канцеларијата на УНИЦЕФ. Нам во МНЗА не` очекува долго и топло лето, иако надвор не личи баш така во моментов.

Претседател на МНЗА