Saturday, February 16, 2019

Напомени за моите дипломци

Почитувани дипломци,
Сите вие кои ме избрвте за ментор на вашите дипломски работи, ви благодарам поради тоа. Сакам да ви се заблагодарам и да ви го насочам вашето внимание на неколку работи:

  1. Мошне внимателно одберете ја вашата тема ако досега не сме ја детерминирале. Таа мора да е оригинална, актуелна, досега неработена на нашиот институт. Започнете рано со пребарување на интересна тема и не одложувајте за понатаму. Запипишувајте ги сите ваши идеи во тетратка. Потребно е долго и макотрпно пребарување на интернет на идеи за тема, на литература и сл. Темата мора да биде поврзана со мојата експертиза инаку чуму сум ви јас ментор? Кога ќе ја одберете вашата тема запоменте ги овие три збора: Фокус, Фокус, Фокус. Темата што ќе ја одберете мора посебно да ве интересира, инаку во спротивно никогаш нема да ја завршите дипломската работа ако одберете тема која не ви е интересна.
  2. Барајте помош од вашиот ментор секогаш кога е тоа потребно. Но, не претерувајте во тоа. Ви стојам на рапсолагање за консултации во живо, преку е-пошта, па дури и на скајп. Пред секоја средба со мене, направете си листа со прашања кои сакате да ги дискутираме. По секоја средба со вашиот ментор не е лошо да напишете една е-пошта со клучните точки од состанокот која ќе служи како потсетник и за двајцата.
  3. По одбирањето на темата потребно е да направите методолошка рамка од 2-3 страници во која ќе ги наведете целите, хипотезите на истражувањето, испитуваната и контролната група (доколку ја има) и начинот како планирате да го спроведете истражувањето. Во оваа фаза убаво би било да го доставите и прашалникот на истражувањето со кој мислите да ја спроведете студијата.
  4. Зачувувајте копии од тоа што сте го напишале на повеќе компјутери или на стикови со надворешна меморија. Од искуството знам дека на студентите често знае да им се расипе компјутерот и потоа морале да започнат се` од ново, а тоа е губење време.
  5. Кога ќе го завршите истражувањето следи пишувањето на дипломската работа, иако теоретскиот дел може да го пишувате паралено со изведувањето на истражувањето. Запомнете дипломската работа треба да биде напишана на околу 50 страници во програмот Ворд од кои 1/3 е теоретскиот дел, 2/3 истражувачкиот дел. Литературата во околу 50% да ви биде објавена во последните 5-6 години и да биде убаво цитирана. Секој автор што е цитиран во трудот, мора да се појави во листата на литературата. Детален водич за пишување на дипломски работи можете да најдете на овој блог ако пребарувате во полето за пребарување. Трудот треба да има најмалку 2-3 страници дискусија во која ќе ги компарирате сопствените резултати со туѓите претходно објавени од вашата област на истражување.
Како можете да направите предлог за истражување можете да најдете на следниот линк. Искрено се надевам дека барем малку ви помогнав во вашата дипломска работа.
Срдечно,
Менторот



No comments:

Post a Comment