Почитувани студенти,
Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:
- На платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
- Ниеден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
- Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
- За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
- Треба да имате кажано на вашите колеги и колешки кои правеа списоци во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
- Задолжително да напишете име, презиме и број на индекс вклучително со годината на упис. На пример 10681/20, а не само бројот на индекс. Покрај моите укажувања постојано има студенти кои го пишуваат само бројот на индексот или прават други видови на грешки.
- На крај кога ќе го завршите испитот задолжително треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: програмот не го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
- Десетина секунди пред да го затворам тестот, ќе ви најавам.
- Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
- Не треба да сте регистрирани на платформата Квалтрикс за да го полагате испитот. Неколку минути пред почетокот на испитот ќе добиете линк во четот на МТ, кој станува активен точно во закажаното време за испитот.
- Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
- Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment