Thursday, January 30, 2020

Некои напомени за утрешните испит ХГФ и ФФА - 31.01.2020

Почитувани студенти,
Јас ја разбирам вашата желба да поминете со помалку учење, но тоа едноставно не е можно. Испитите што се полагаат кај мене не се игри на среќа. Нема шанси да положите на среќа. Утре, сппоред вашите пријави очекувам повеќе од 160 студенти (рекорд во мојата кариера). Би сакал да упатам една замолница до тие кои планираат да освојат до 10-15 поени подобро да не доаѓаат. Ако доаѓаат само да ги видат прашањата, им ветувам дека можам да им го покажам тестот во било кое време наредната седмица. Ако доаѓаат само за да им биде впишана петка (5), за да подоцна бараат комисиско полагање, почесно би било идната седмица да дојдат со празна пријава на која ќе им ја пишам таа оцена. Ако доаѓаат да ме видат мене (што не верувам), нема да бидам многу за гледање (што би рекол еден другар од детството: „не сум еклер за влизвање“), бидејќи ќе бидам истормозен од тешкото патување. Затоа, ги замолувам сите студенти кои планираат да се прошетаат до ФЗФ, подобро да останат на топло дома, да не го дишат загадениот скопски воздух и барем малку да го заштедат моето драгоцено време. Ќе им бидам благодарен. Утре најверојатно за прв пат нема да можам да ги прегледам сите тестови во истиот ден, бидејќи ќе бидат премногу и затоа ве молам не ме прашувајте кога ќе бидат резултатите? Во сабота и недела повторно имам обврски на ФЗФ со обуки за аутизам преку МНЗА и затоа не можам ништо да гарантирам околу брзината на прегледување на вашите писмени испити.
Најучтиво ви укажувам да бидете во 7:45 пред големиот амфитеатар на ФЗФ и сами да не седнувате на столчињата бидејќи ќе бидете распоредени според моето убедување. Сите студенти што ќе задоцнат и една минута ќе бидат упатени на полагање во јунската сесија. Затоа, предвидете ги сите непријатни околности и гужви на патот од дома до факултетот.
Купете си и пополнете си пријава денес, затоа што утре нема да биде примен ниту еден студент без пријава. Исто така, Студентскиот сервис на ФЗФ можеби нема да биде отворен во 7:45 часот.
На тие што се учеле долго време и квалитетно ви посакувам многу успех, а на другите многу повеќе учење и откажување од овоземските задоволства.
Ви благодарам на вниманието!
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment