Како што ви ветив утрово, еве да ви го испратам списокот на освоени 15 ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија за да си знаете каква ви е ситуацијата. Само 7 студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: една има 10, две студентки имаат 8, една има 7, три студентки добија 6. Нека им е честито на сите нив. Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа во термин од 21 до 24 јануари. Студентите што се означени во црвена боја треба да ја реализираат задачата утре во 10:00 часот на ФЗФ доколку сакаат да полагаат во јануарска сесија, или во наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени и тоа најдоцна до 30 април за јунската сесија. Сите студенти што утре намеа да освојат 15 ЕКТС поени нема да имаат право да полагаат во јануарската сесија. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и да полагаат испит и тие или се вонредни студенти, или се откажале од студирањето.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment