Како што ви ветив утрово, еве да ви го проследам списокот на освоени 15 ЕКТС поени по предметот Хумана генетика и физиологија за да си знаете каква ви е ситуацијата. Добар број на студенти (21) успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: една има 9, осум студенти имаат 8, осум имаат 7, четири студенти добија 6. Нека им е честито на сите нив! Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа во термин од 21 до 24 јануари. Студентите што се означени во црвена боја доколку не ја реализираат задачата утре во 13:30 часот нема да можат да полагаат во јануарска сесија. Во тој случај мораат да ја завршат обврската во наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени и тоа најдоцна до 30 април за јунската сесија. Сите студенти што утре нема да освојат 15 ЕКТС поени нема да имаат право да полагаат во јануарската сесија. Студентите што се во зелено немаат право на потпис ниту да полагаат испит и тие или се откажале од студирањето, или ќе мораат да го слушаат предметот во наредната академска година. Сите кои мислат дека не им е впишан некој поен, а реално го заслужиле да дојдат утре во 14:00 часот да видиме за што се работи.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Среќна Стара Нова година! :)
Среќна Стара Нова година! :)
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment