Monday, January 20, 2020

Понуда на тема за дипломска работа

Почитувани идни дипломци,
Сите вие кои сакате да ме изберете мене за ментор имам една тема да ви понудам. Тоа е темата: „Медицински состојби кај развојните растројства во координацијата“. Имено оваа тема требаше да ја работи студентот С. К. кој од неразбирливи причини за мене се откажа без да ме информира, во меѓувреме си зема друга тема и друг ментор, што е крајно некоректно, невоспитано и претставува антистудентски потег. Кој мене ќе ми го насомести изгубеното време во консултации со него? Се прашувам што ли е тоа што ги тера стуентите да не бидат културни и да дојдат да ме погледнат во очи и да ме информираат дека сакаат да сменат тема, или барем со една е-пошта да ме информираат. Културно би требало да се извинат и потоа никому ништо, секој си оди по својот пат...
Драги студенти,
Никој не ве тера со сила да ме бирате за ментор, но откако веќе ќе ме одберете треба „играта да ја играте до крај“, а не вака со подмолни потези кои не личат на нормално студентско однесување. Дали треба да барам писмена согласност кога ме одбирате за ментор и потоа кој менува да има одредени морални материјални последици. Не, тоа не е решение, драги мои студенти.
Како и да е, една тема остана слободна, па повелете кој сака. Правилата на игра ги занете, сериозна работа и само работа, добро истражување со голем примерок и истражувачка тема. Нема дипломирање за еден месец од земање на темата, наведување на повеќе автори и некои други правила кои ќе ви бидат кажани устно на консултации.
Колегијален поздрав,
Менторот

No comments:

Post a Comment