- бесплатно достапно за сите читатели (отворен пристап),
- да објавува трудови кои претходно се рецензирани од независни експерти,
- да има меѓународен уредувачки одбор,
- да користи современа платформа за уредување и објавување (OJS),
- да има DOI број за секој труд,
- да користи Creative Commons лиценца,
- и задолжително да проверува плагијат за да се почитуваат правилата на научната етика.
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Saturday, July 18, 2026
Како да се основа електронско, научно, рецензирано списание со отворен пристап во мала држава
Sunday, December 21, 2025
Објавен најновиот број на JHRS (Вол. 4, бр. 2, 2025)
- Истражување за рехабилитација
- Здравствени и медицински истражувања
- Истражувања во специјалната едукација
- Психолошки истражувања
- Невропсихолошки истражувања
- Нарушувања од аутистичниот спектар
- Истражување за попреченост
- Медицински аспекти на попреченоста
- Социјални аспекти на попреченоста
- Магистерски и докторски (докторски) тези во областа
- Осврти на книги релевантни за обемот на списанието
Sunday, October 1, 2023
Осврт на конференцијата на психолозите од Ниш
Драги и колешки и колеги,
Сакам накусо да се осврнам на вчера завршената конференција со наслов „19-ти денови на применета психологија“ што се одржа на Филозофскиот факултет во Ниш, Србија на 29 и 30 септември 2023 година. За оваа конференција бев поканет прво како од претседателката на програмскиот одбор пред 7-8 месеци. Сериозно си ја сфатив работата. Кога зборевме со што да се вклучам, таа веднаш ја прифати понудата да водам поканета сесија за „Аутизам и ментално здравје“. Бев член на програмскиот одбор и одржав едно предавање и бев коавтор на колешките м-р Ирена Стојановска и м-р Елисавета Карастојанова. Доколку сте заинтересирани да ги видите нашите апстракти или било кои апстракти од другите учесници одете на следниот ЛИНК. Конференцијата за жал беше хибридна и имаше многу учесници кои не дојдоа со физичко присуство, туку се приклучуваа на ЗУМ. Сесијата која ја модерирав помина одлично со врвните имиња на проф. д-р Мохамад Газиудин, проф. д-р Ричард Милс, проф. д-р Блејк Хансен, д-р Паола Молтени и д-р Јасир Сиед, како и веќе споменатите колешки погоре. Сесијата ја следеа 10 учесници во училницата и 20 учесници преку ЗУМ, ниту голем број, ниту мал. Впечатоците од организаторите беа одлични, бидејќи сепак тоа им го крена рејтингот на конференцијата. Доколку некого го интересира атмосферата може да оди на АЛБУМОТ на ФБ.
Моето предавање со наслов „Ментално здравствени проблеми за време на КОВИД-19 пандемијата кај лицата со АСН“ можете да го најдете ОВДЕ.
На 30.09.2023 ги претставив 14 месечните постигнувања на списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Ако ве интересираат слајдовите кликнете на ЛИНКОТ.
Оној културно-забавниот дел им беше за чиста десетка на организаторите. Уште еднаш ми се докажа правилото дека повеќе сум ценет надвор, отколку дома. Нишките психолози ти даваат почести, учества во програмски одбор, 2 презентации, итн. Скопските психолози ти го одземаат предметот Хумана генетика и физиологија, заради строгост. Но, нејсе, да не испадне дека „плачам“, животот си тече понатаму...
Претседател на МНЗА
Главен и одговорен уредник на ЈХРС
Tuesday, August 1, 2023
Прв роденден на списанието ЈХРС
Почитувани читатели, драги автори и рецензенти,
- 15 трудови,
- 25300 посети на веб страницата,
- 24 автори,
- 40 рецензенти,
- 32 членови на редакциски одбор од 21 држава,
- Трудови од САД, Австралија, Ирска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Sunday, March 19, 2023
Видео записи од конференцијата "It's about people"
Почитувани колешки и колеги,
За оние кои не успеале да ги следат моите предавања во живо од конференцијата на Алма Матер Еуропеа, што се одржа од 10 до 17 март во Марибор, Словенија а и за да си ги имам видеозаписите на едно место го приготвив овој пост.
Промоцијата на списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences се одржа во студиото на БК ТВ од Марибор на 11.03.2023 и видеото може да се погледне ОВДЕ.
Сесиите за истражувања за аутизмот под број 26 и 27 се одржаа во студиото на БК ТВ од Марибор на 13.03.2023 година и видеото може да се погледне ОВДЕ.
Округлата маса за аутизмот во курикулумите под број 28 со проф. д-р Дигби Тантам (ВБ), проф. д-р Фред Волкмар (САД), проф. д-р Тревор Парментер (Австралија), проф. д-р Никола Мартин (ВБ), доц. д-р Паола Молтени (Италија) и вонр. проф. Јаков Аусберг (Шведска) се одржаа во студиото на БК ТВ од Марибор на 13.03.2023 година и видеото може да се погледне ОВДЕ.
Модератор и предавач на сесиите
Sunday, January 15, 2023
Публикуван првиот број, волумен 1 од Journal of Health and Rehabilitation Sciences
Почитувани читатели,
Со огромно задоволство сакам да ве известам дека денес недела 15.01.2023 година е публикуван првиот број од првиот волумен за 2022 година од списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Трудовите можете да ги симнте и читате ако кликнете на претходниот линк. Ова е содржината на бројот:
_20250121_183805_0001.png)

