Showing posts with label прв. Show all posts
Showing posts with label прв. Show all posts

Thursday, October 24, 2024

Материјал за учење прв колоквиум ФФА - 2024

Почитувани студенти,

Ви ги проследувам темите за подготовка на првиот колоквиум по предметот Физиологија со функционална анатомија.
  • Функционална организација и општ план на телото. 
  • Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза; 
  • Физиологијата на клетката; 
  • Телесни течности и електролити; 
  • Физиологија на крвта; 
  • Мускулен систем; 
  • Физиологијата на нервниот систем;
  • Вклучително и автономен нервен систем.
Го задржувам правото за мали промени ако се укаже потреба од тоа. Читањето на десетина страници повеќе од материјалот не е трагедија.

Среќно учење!

Предметен наставник

Sunday, January 15, 2023

Публикуван првиот број, волумен 1 од Journal of Health and Rehabilitation Sciences

Почитувани читатели,

Со огромно задоволство сакам да ве известам дека денес недела 15.01.2023 година е публикуван првиот број од првиот волумен за 2022 година од списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Трудовите можете да ги симнте и читате ако кликнете на претходниот линк. Ова е содржината на бројот:





EDITORIAL
Vladimir Trajkovski   1-11

John Wells   12-16


REHABILITATION RESEARCH
Matthew P. Janicki   17-21

Metka Novak, Majda Končar   22-35

SPECIAL EDUCATION RESEARCH
Edina Csernák, Judit Gombás   36-44

NEUROSCIENCE RESEARCH
China Parenteau, Robert Hendren   45-53

Нека е со среќа новиот број и ве повикуваме да објавите ваш труд во следниот број 1, волумен 2 за 2023 година. Им благодарам на сите автори, рецензенти, ИТ, едиторијал асистенти, лектори и секако на вработените од Алма Матер Еуропеа кои ја поддржаа оваа идеја за ова списание.

Главен и одговорен уредник на ЈХРС

Wednesday, October 30, 2019

Прв колоквиум ХГФ - 17.11.2019

Почитувани студенти од Институт за психологија,
Ве известувам дека првиот колоквиум по Хумана генетика и физиологија ќе се полага на 17.11.2019 година во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 10:00 часот. Право да полаагаат имаат и оние студенти од втора година кои добиле потпис во минатата академска година. Напоменувам дека не е убаво да се доаѓа на колоквиум тотално неподготвен и да се игра на картата на среќа. Ако доаѓате да го видите само тестот, тоа ви ветувам дека ќе ви го дадам на увид во термините за консултации наредната седмица. Ги замолувам сите што се подготвени за колоквиум да се пријават кај координаторката на студентите од прва година, а таа најдоцна до среда 6 ноември да ми го достави списокот. Неопходно е да се биде пред големиот амфитеатар 15 минути порано. Ниту еден студент нема да биде пуштен на колоквиум доколку доцни. Потребно е за секој случај да го погледнете овој блог на 17-ти наутро пред да дојдете на факултет, евентуално да не има некои промени заради тоа што доцна ноќта се враќам од странство. Го задржувам правото на промена на терминот заради виша сила.
Предметен наставник

Monday, October 14, 2019

Материјал за учење прв колоквиум ФФА - 2019

Почитувани студенти,

Ви ги проследувам темите за подготовка на првиот колоквиум по ФФА.
  • Функционална организација и општ план на телото. 
  • Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза; 
  • Физиологијата на клетката; 
  • Телесни течности и електролити; 
  • Физиологија на крвта; 
  • Мускулен систем; 
  • Физиологијата на нервниот систем;
  • Вклучително и автономен нервен систем.

Го задржувам правото за мали промени ако се укаже потреба од тоа. Читањето на десетина страници повеќе од материјалот не е грешна работа.

Среќно учење!

Предметен наставник

Материјал за учење прв колоквиум ХГФ - 2019

Почитувани студенти,
Материјал за учење за првиот колоквиум по предметот Хумана генетика и физиологија е од Вовед во хумана генетика и физиологија од страница 15 до Структури на нервен систем страница 151. Го задржувам правото да направам по потреба евентуални мали промени, што не значи дека, ако на пример, прочитате до страница број 159 ќе биде некоја голема грешка. :)
Предметен наставник

Thursday, April 4, 2019

Прв колоквиум МОИ - 05.04.2019

Политувани студенти,
Колоквиумот по Медицински основи на инвалидноста ќе се полага утре 05.04.2019 година најверојатно во салата за седници (бидејќи не очекувам повеќе од 30 студенти) со почеток во 08:00 часот. Потребно е да бидете десетина минути порано на местото на настанот.
Предметен наставник

Thursday, March 7, 2019

Први колоквиуми ХГ и МОИ - април 2019

Почитувани студенти,
Сакам да ве известам за термините за првите колоквиуми по предметите Хумана генетика и Медицински основи на инвалидноста во овој летен семестар.

  • Хумана генетика на 2 април (вторник) во 08:00 часот во голем амфитеатар или електронска лабораторија.
  • Медицински основи на инвалидноста на 5 април (петок) во 08:00 часот во електронска лабораторија.
Го задржувам правото на промена на термините и просториите заради виша сила. Вие сте должни да го следите овој блог заради навремено информирање.

Предметен наставник

Sunday, December 2, 2018

Мојот прв труд

Драги читатели,
Сакам со вас да го споделам мојот прв објавен труд во стручното и научно списание Македонски медицински преглед. Беше тоа во далечната 1996 година. Средината на 90-тите еден убав и среќен период од мојата кариера. Во џебот имав многу малку пари бидејќи бев волонтер, но живеев многу посреќни побезгрижни денови. Како вчера се присеќавам кога во октомври 1995 година ги запишав моите постдипломски студии на Клиниката за нефрологија и тогаш го направив трансферот од Клиниката за тораковскуларна хирургија на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје за неверојатни 0 евра. :) Од клиника каде имаше многу рутина и каде асистирав на операции преминав на клиника каде во тоа време се негуваше научната работа. Ни помалку, ни повеќе директно во единицата за интензивна нефролошка нега каде имаше најмногу работа, каде беа најтешките случаи и каде често некои завршуваа со летален исход. Катадневно се правеа записи за прием на болниот, исписи, повремено реанимации, пациенти кои често колабираа заради хемодијализата. Во тоа време раководител на „интензивна" беше проф. д-р Кочо Чакалароски, професор со енциклопедиски знаења во медицината. Тоа подразбираше дека треба да имам уште поголема одговорност кон работата. Покрај секојдневната рутинска работа и честите заглавувања до 17-18 часот, иако работното време беше до 15:00 часот се впуштив во пишување на првиот заеднички труд со него и со група автори кои ќе ги видите во трудот. Подоцна тој ми беше и ментор за мојот магистерски труд кој го одбранив во март 1999 година и од него научив многу работи во медицината и затоа му благодарам во оваа пригода. Трудот носи наслов: Успешно привремено екстерно стимулирање на срцевата акција кај болен со ексцесивна хиперкалемија, во кој презентираме успешно лекуван пациент на кој му претеше лош исход. Оттогаш наваму имам објавено преку 90 стручно научни трудови in extenso во домашната и странската периодика и сето тоа претставува една убава 22 годишна историја на академско публицирање. Доколку сакате да го прочитате или симнете трудот кликнете на погорниот линк. Благодарарение на репозиториумот на УКИМ и овој труд е достапен за поширока публика во отворен пристап.
Раскажувачот