Thursday, March 10, 2022

Први колоквиуми ХГ и МОИ - март 2022

Почитувани студенти,

Иако е малку рано и не знаеме што не` чека утре, но сепак сакам да ги споделам термините за полагање на првите колоквиуми со вас. Тие ќе се полагаат онлајн со вклучена камера и исклучен микрофон. Мора да сте членови на соодветните тимови на Мајкрософт Тимс и Мудл ФЗФ платформите. Прашањата се стандардни како и во изминатите години. Доколку не сте член на некој од тимовите веднаш сторете го тоа и решавајте ги проблемите со ИТ на ФЗФ.

Колоквиумите ќе се полагаат по следниот редослед:

  • Хумана генетика на 29.03.2022 во 08:00 часот
  • Медицински основи на инвалидноста на 30.03.2022 во 08:00 часот.
Вие треба да бидете 5-10 минути пред времето на МТ платформата. Не се дозволени никакви препишувања, онлајн договарања, доцнења и слично. Македонски се пишува со кирилица, само латински и англиски термини на латиница. На сите што чукаат во латиница ќе им бидат одземени поени. Инсталирајте си МК поддршка! Тестовите се полагаат на компјутер или лап топ, а на мобилен многу тешко. Го задржувам правото на промена на термините заради „виша сила“, а вие сте должни да го следите овој блог.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment