Showing posts with label Осмо предавање. Show all posts
Showing posts with label Осмо предавање. Show all posts

Tuesday, November 28, 2023

Осмо предавање ХГФ - 01.12.2023

Почитувани студенти,

Вас државата да не ви даде слободен ден. Одма со некакви барања. Две студентки веќе излегоа со барање, не знам зошто не сте се договориле само една да ме контактира. Цитирам:

„Ви пишувам за да ве замолам ,во име на мнозинството од групата ,предавањето во петок(31.11) по предметот ХГФ да го одржиме онлајн. Причината за оваа молба е најмногу поради студентите од другите градови. Можеби знааете, некои предавања поради неработните денови ни ги закажаа онлајн, па затоа да не се враќаат студентите на еден ден во Скопје.
Многу би ви биле благодарни ако ни излезите во пресрет“.

„Ви пишувам за да ве замолам предавањето на 01.12, петок, по Хумана генетика и физиологија да се одржи онлајн. Дел од студентите не се од Скопје, и претставниците од ОПСЕ сеуште ќе бидат во градот. Затоа ќе има големи застои во сообраќајот и студентите ќе имаат проблем со транспорт“.

Покрај тоа што не ми е по волја, ќе ви излезам пресрет и ќе го одржам предавањето онлајн, иако барањата не „ви држат многу вода“.

Предметен наставник

Saturday, November 25, 2023

Осмо предавање ФФА електронски - 30.11.2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како што веќе ви напоменав осмото предавање и вежбите по Физиолологија со функционална анатомија, заради одржување на самиот на ОБСЕ во Скопје и одлуката на Владата, ќе се одржат по електронски пат на платформата Мајкрософт Тимс на 30.11.20223 година. Потребно е на сите да ви е одобрено присуство во дадениот Тим претходно. Вие сте должни најмалку 5 минути пред почетокот да бидете на платформата.

Пријатен викенд,

Предметен наставник

Monday, April 10, 2023

Осмо предавање ХГ - видеа

 Почитувани студенти,

Во прилог се видеоклипови од осмото предавање по Хумана генетика.



















Предметен наставник




































Wednesday, November 30, 2022

Осмо предавање ФФА - 01.12.2022 онлајн на МТ

Почитувани студенти,

Пред малку ја добив оваа порака од студентот Т.Н.

„Добар ден почитуван професоре. Во име на сите колеги, би сакал да Ве прашам дали би можело утрешниот час да се одржи онлајн на платформата Microsoft Teams, бидејќи има многу болни студенти кои не би сакале да добијат минус? Имајте пријатен ден“.

За да ви излезем пресрет да не губите многумина од вас од наставата, утрешното осмо предавање по ФФА го закажувам онлајн на платформата Мајкрософт Тимс со почеток во 08:00 часот. Веднаш по предавањето ќе се одржат и вежбите сите заедно во една група.

Со почит,
Предметен наставник


Thursday, November 21, 2019

Осмо предавање ФФА - 22.11.2019

Почитувани студенти,
Ве известувам дека утре (петок) ќе се одржи осмото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија со почеток во 08:00 часот. Предавањето е замена за предавањето што требаше да се одржи на 05.12.2019 година, но поради вашата теренска настава надвор од Скопје нема да може да се одржи.












Предметен наставник