Почитувани студенти,
Вас државата да не ви даде слободен ден. Одма со некакви барања. Две студентки веќе излегоа со барање, не знам зошто не сте се договориле само една да ме контактира. Цитирам:
„Ви пишувам за да ве замолам ,во име на мнозинството од групата ,предавањето во петок(31.11) по предметот ХГФ да го одржиме онлајн. Причината за оваа молба е најмногу поради студентите од другите градови. Можеби знааете, некои предавања поради неработните денови ни ги закажаа онлајн, па затоа да не се враќаат студентите на еден ден во Скопје.
Многу би ви биле благодарни ако ни излезите во пресрет“.
„Ви пишувам за да ве замолам предавањето на 01.12, петок, по Хумана генетика и физиологија да се одржи онлајн. Дел од студентите не се од Скопје, и претставниците од ОПСЕ сеуште ќе бидат во градот. Затоа ќе има големи застои во сообраќајот и студентите ќе имаат проблем со транспорт“.
Покрај тоа што не ми е по волја, ќе ви излезам пресрет и ќе го одржам предавањето онлајн, иако барањата не „ви држат многу вода“.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment