Saturday, May 4, 2019

1 година ЈРТДД онлајн

Драги читатели,

Имам особено задоволство да ве известам дека денес 4 мај се навршува една година од списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Денес го славиме првиот роденден. Се надевам дека ги задоволивме вашите вкусови. Предлагам да ја погледнете статистиката на списанието низ следните бројки: 
  • Објавени се 14 трудови, во два посебни броја за 2018 година, 
  • Авторите доаѓаат од девет држави: Холандија, Индија Бразил, Полска, Тајван, САД, Ирска, Русија и Македонија. 
  • Околу 80.000 посети на веб страницата, 
  • Стапката на одбиени трудови е 50%, 
  • Најчитан труд е: A COMPARISON BETWEEN ELECTRONIC AND PRINTED JOURNALS 400 пати, 
  • Најсимнуван труд е: Most downloaded article Effectiveness of reattach therapy in management of emotional dysregulation with OCPD, PTSD, anxiety and stress in young adults со PDF (106 downloads)
  • Околу 100.000 испратени електронски пошти на потенцијалните автори, рецензенти и помеѓу членовите на издавачката канцеларија, 
  • Списанието е индексирано во 8 databases
  • Стотици постови на социјалните медиуми: Facebook, Twitter, LinkedIn и блогот на списанието. 
Овде би сакал да се заблагодарам на изадавачите ReAttach International Foundation од Холандија д-р Paula Weerkamp Bartholemeus и г-дин Frederik Weerkamp за нивното инвестирање и довербата во издавачката канцеларија, на господин Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев нашиот веб администратор за илјадниците вложени часови на изградба на веб страницата JRTDD online, на госпоѓицата Андреа Ивановска нашата техничка секретарка и на сите автори, членови на уредувачкиот одбор и рецензенти кои придонесоа за издавањето на првите два броја.Нека е на здравје,

Главен и договорен уредник на ЈРТДД


No comments:

Post a Comment