Tuesday, May 21, 2019

Список на освоени ЕКТС поени по ХГ - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Еве направив големи напори да ви ги соберам сите поени и да ги прегледам сите обработени трудови што ми ги дадовте деновиве. Само пет студентки го положија испитот преку колоквиуми. Две студентки имаа поени на граница. Ги почестив со по еден поен за да добијат повисоки оцени, бидејќи сметам дека ги заслужија. Честитки до сите пет студентки! Оцени ќе може да земат кога ќе има назначено термин за таа намена, а тоа ќе биде по 13 јуни.
Студентите што се означено во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испит додека не освојат 15 ЕКТС поени. Доколку сакате да полагте ХГ во јуни треба уште утре да добиете задача и до понеделник да ја завршите.
Студентите што се во зелено немаат право на потпис и треба да преслушуваат следната година, или пак се вонредни студенти или се отпишале.
За да го отворите линкот треба да поседувате Микрософт Ексел програм. Кликнете на претходниов линк за да го симнете фајлот.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment