Би сакал да се осврнам на мојата службена посета во Холандија неоптоварен со фактот дека тоа некого многу го интересира, туку да остане како мој автобиографски белег на овој блог. Имено од 7-11 мај 2019 година бев на службена посета кај сопствениците на Риатач академијата во Вурендал, Холандија поточно кај моите драги колеги и пријатели госпоѓа Паула Веркамп Бартоломеус и господин Фредерик Веркамп. Меѓудругите активности ги посетивме Somnium центарот за деца со аутизам и други развојни нарушувања каде што имаше една одлична поставеност на работите и третман на лицата со попреченост. Во рамките на социјалниот дел од посетата беше видена една многу стара пештера Kasteelruine ingang Haselderhof. Исто така беше посетено тромеѓието Холандија, Белгија и Германија во местото Ваалс, каде се наоѓа и највисоката точка во Холандија со околу 316 метри надморска височина. Многу високо место, нема што! :)
На 10 мај се одржа мини симпозиумот во организација на Риатач академијата каде присуствуваа 20-тина гости од разни стручни профили и риатач терапевти од Холандија. Јас имав задача да презентирам две теми и во прилог се презентациите на истите: Ментално здравствени проблеми кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања и Епигенетика на аутистичниот спектар на нарушувања. Слики од настанот може да се погледнат на следниот линк.
Било што ве интересира, само кликнете на горните линкови. Во оваа пригода сакам јавно да се заблагодарам на моите домаќини Паула и Фредерик основачите на Риатач фондацијата за нивната гостопримливост и грижа за мене.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment