Showing posts with label замена. Show all posts
Showing posts with label замена. Show all posts

Thursday, March 5, 2026

Замена за третото предавање ХГ - 09.03.2026

Почитувани студенти,

Предавањето што го пропуштивме оваа седмица, заради моето учество на конгрес во Белград се закажува за 9 март (понеделник) со почеток во 8:00 часот. Вие треба да сте 15-тина минути порано на договореното место. Важат истите правила како и за редовните предавања и вежби што се одвиваат во вторник. Искрено се надевам дека нема да има некоја виша сила што би ме спречила да дојдам.

Со почит,

Предметен наставник

Tuesday, March 26, 2024

Замена за вежбите ХГ - 27.03.2024

Почитувани студенти,

Утре на 27.03.2024 со почеток во 18:00 часот електронски ќе се реализираат вежбите по Хумана генетика, како замена за изгубените на 12.03.2024 година. Ве чекам на платформата МТ барем 5 минути порано.

Предметен наставник

Sunday, March 10, 2024

Замена на 4. предавање ХГ

Почитувани студенти,

Како што веќе ви кажав задутре во вторник сум службено отсутен и четвртото предавање најверојатно ќе се реализира на платформата Мајкрософт Тимс во сабота на 16 март со почеток во 9:00 часот, што дополнително ќе биде објавено на овој блог во петок. Вежбите ќе се одржат во некоја наредна среда во лабораторијата, се разбира по претходен договор со мене.

Предметен наставник

Tuesday, February 25, 2020

Заменето предавање ХГ - 26.02.2020

Почитувани студенти,
Како што се договаравме денес на предавањата, сакам да ве известам дека утре (среда) ќе се одржи предавањето по Хумана генетика наместо тоа од 10.03.2020 кога ќе бидам службено отсутен. Предавањето ќе се одржи во слушална 11 на ФЗФ со почеток во 15:30 часот. Предавањето е задолжително за сите студенти кои го слушаат предметот во оваа академска година.
Предметен наставник

Sunday, November 10, 2019

Замена на терминот за консултации - 11.11.2019

Почитувани студенти,
Заради некои обврски утрешниот термин за консултации наместо од 10:00 до 11:30, ќе се одвива од 11:00 до 12:30 часот. Само утрешниот термин се поместува за еден час понапред. Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Wednesday, February 27, 2019

Заменето предавање ХГ - 01.03.2019

Почитувани студенти,
Како што ви напоменав претходно во петок на 1 март ќе го одржиме предавањето по Хумана генетика што е предвидено за 12 март. Поради моето службено отсуство мораме да го надополниме истото. Вие мора да сте во лабораторијата на Педагошкиот факултет во 7:30 часот, а предавањето ќе започне пет минути подоцна. Подгответе ги добро вежбите што беа планирани за вчера. Втора група со вежби ќе заврши во 12:30 часот заради вашите обврски на ФЗФ.
Предметен наставник