Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 04.02.2026 во периодот од 8:00 до 10:00 часот да го оставите индексот, а студентите што положиле преку колоквиуми индексот и пријавата во библиотеката на ИСЕР. Заради сезона на вирози и заради превентива нема потреба лично да ги земате оцените. Јас ќе ви ги напишам оцените од 10:00 до 12:00 часот и потоа, повторно ќе си ги подигнете од библиотеката на ИСЕР. Напоменувам да не ми доаѓате во кабинет, бидејќи на тој начин нема да ви пишувам оцени. Ова важи за сите студенти од двата института. Посебна напомена за студентите што положиле испити преку колоквиуми да го искористат утрешниот термин, бидејќи други специјални термини нема да има. Ако не го искористите овој термин, час поскоро оставете го индексот во библиотеката и чекајте до идниот вторник да ви ставам оцена. Потоа, одам на пат 3 дена, а потоа 16.02.2026 година, мислам дека ќе биде предоцна. Доколку студентите што положиле преку колоквиум не остават пријава и индекс најдоцна до петок, потоа може дури во јуни да им биде пишана оцената.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment