Почитувани колешки и колеги,
Како еден од модераторите и предавачите на 8. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје, ја користам оваа пригода да поканам од утре до петок да присуствувате на истата. Утре 23.02.2026 е отворањето и првите сесии. Сите сесии ќе се одвиваат во Амфитеатар 3 (попознат како голем амфитеатар).
Особено сакам да ве ги поканам сите млади истражувачи, магистранти, докторанди, на сесијата во среда на 25 февруари кога гостин ќе ни биде професорот Џон Велс кој ни доѓа од Ирска и кој има Хиршов индекс 33. Упатените знаат дека тоа покажува огромно научно влијание во светот на науката.
Сите сесии, прашања и дискусии ќе се одвиваат на англиски јазик.
Повелете, Ве очекуваме.
Еден од предавачите


No comments:
Post a Comment