Showing posts with label прво. Show all posts
Showing posts with label прво. Show all posts

Monday, November 30, 2020

Првите две предавања Аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве информирам дека на првите две предавања по предметот Аутистичен спектар на нарушувања ќе се одржат во сабота и недела на 5 и 6 декември 2020 година со почеток во 9:30 часот. Истите ќе се одржат на платформата на Мајкрософт Тимс во Тимот кој е специјално креиран за оваа намена. Во двата дена ќе се одржат по 3 часа со најмалку 10 минути пауза меѓу нив. За термините за другите часови ќе се договараме понатаму. Предавањата се задолжителни за сите студенти од втор циклус запишани на насоката Интелектуална попреченост и аутизам. Го задржувам правото за измена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Friday, April 12, 2019

Прво предавање Аутизам - 13.04.2019

Почитувани постдипломки,
Утре ќе биде реализирано првото предавање по предметот Аутизам од втор циклус на студии со почеток во 09:30 часот. Ќе се запознаеме со содржините на предметот, принципите на студирање, историјат на аутизмот, дефиниција, класификација, епидемиологија и прв дел од генетика на аутизмот. Бидејќи нема да има доволно време да се прегледаат многу видео клипови предлагам да ги погледнете овде.







Предеметен наставник