Sunday, October 2, 2022

Силабус по предметот Хумана генетика и физиологија генерација 2022/2023

Почитувани студенти,

Во предвечерјето на новата академска година сакам да го споделам со вас силабусот по предметот Хумана генетика и физиологија. Предавањата се задолжителни за актуелната прва година за да добијат потпис. Тие ќе се одвиваваат со физичко присуство во „електронската предавална“ на Филозофскиот факултет во Скопје секоја среда со почеток од 11:00 часот до 13:45 часот. Посакувам целиот семестар да бидат со физичко присуство и да немаме проблеми со корона вирусот, со струјата или со парното грееење. Неопходно е да бидете пред предавалната барем 15-тина минути порано.
На предавања не смее да се доаѓа болен со знаци на вироза: кашлица, кивање, температура и сл. Доколку ги имате овие симтоми заради алергија или друга хронична состојба задолжително да носите со себе лекарска потврда. Во спротивно, ќе бидам принуден да ве отстранувам од предавањата.

За секој случај имајте во вид дека алтернативно во неповолни услови ќе одиме преку платформата Мајкрософт Тимс во која треба да сте регистрирани со корисничко име и лозинка. Ги поканувам сите што го запишале ХГФ да се приклучат на следниот линк. Доколку започне и електронските предавања, тогаш и другите генерации кои го презапишуваат предметот се должни да ги следат иститењ. Го задржувам правото за промена на термините заради учество на виша сила.

I Недела 05.10.2022
1. ВОВЕД ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА
2. КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА

II Недела 12.10.2022
3. МЕНДЕЛОВА ГЕНЕТИКА
4. ХРОМОЗОМИ

III Недела 19.10.2022
5. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 1 ДЕЛ

IV Недела 26.10.2022
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 2 ДЕЛ
7. МУТАЦИИ

V Недела 02.11.2022
8. НЕРВЕН СИСТЕМ 1 ДЕЛ

VI. Недела 09.11.2022
8. НЕРВЕН СИСТЕМ 2 ДЕЛ

VII. Недела 16.11.2022
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 23.11.2022
8. НЕРВЕН СИСТЕМ 3 ДЕЛ

IX. Недела 30.11.2022
9. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 07.12.2022
10. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 14.12.2022
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА СОНОТ
12. ФИЗОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ

XII. Недела 21.12.2022
13. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА
14. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА

XIII. Недела 28.12.2022
15. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА
16. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ

XIV. Недела 12.01.2023
ВТОР КОЛОКВИУМ
БРАНЕЊЕ СЕМИНАРСКИ
ПОТПИСИ

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment