Почитувани студенти од ИСЕР,
Како што ви кажав денес, во четврток започнуваме со првото предавање по Физиологија со функционална анатомија. Овие 8 златни принципи ги кажувам секогаш на почетокот и тоа повозрасните студенти многу добро го знаат (порано беа 5). Овој пат решив да ги ставам и овде на мојот професионален блог.
- Не доаѓајте на предавања со знаци на вироза (кашлање, кивање, температура, главоболка,...). Еден живот имаме!
- Точност;
- Редовност (редовност на настава и редовно учење на предметот);
- Ангажираност и активност на часовите;
- Искреност;
- Бидете секогаш подготвени за вежбите;
- Без мобилни на часовите;
- БЕЗ УРГЕНЦИИ;
Задутре ќе бидат подетално објаснети и прецизирани овие 8 златни принципи за фер плеј студирање. Доколку се придржувате до нив, нема да имате никаков проблем по моите предмети. Во спротивно, доколку не почитувате принципи и правила на игра, тогаш ќе имате сериозен проблем.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment