Покрај тоа што знаете дека не прифаќам ургенции и тоа го повторувам почесто пати, повторно ќе се најде некој/а што сака да „притиска", да ми ги тестира пријателствата, да пробува без знаење да положи испит. Иако општествено политичката состојба во државата не е на високо ниво. Имено има многу корупција, непотизам, привилегии и слично, спеак треба да сфатите дека јас не сум тој калибар на човек. Не примам уртгенции, не примам мито, не ме интересира чии ќерки и синови сте. Ќе положите само ако освоите најмалку 51 поен. Не сакав минативе денови да пишувам, но еве откако заврши оваа августовско-септемвриска сесија ќе кажам дека имаше три обиди за ургенции (2 од психологија и 1 од дефектологија). Сите три студентки не положија и веројатно разбраа дека така не може. Дали треба да ги објавувам јавно нивниоте имиња, па бруката да им биде голема? На нивните блиски кои ми ургираа навистина им посакувам добро. Ова не значи дека не ги почитувам. Доколку ми се лутат, нивен проблем, тоа значи дека не ми биле вистински пријатели. Јас ќе продолжам и натаму да одам по нормалните принципи, а тоа е знаење, знаење и само знаење. Нема да дозовлам додека некој пеколно учи, некој со освоени 10-20 поени да помине, само заради тоа што нашол некој близок до мене. Јас и онака кога некому недостасуваат поени давам според моето „судиско убедување". Еве уште еднаш замолувам за наредните сесии да не играте на картата ургенции, туку добро да седнете и да учите најмалку по 10 часа на ден.
Искрено ваш,
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment