Ви се обраќам вам што во блиска или подалечна иднина планирате да ме одберете мене за ментор. Дојдов на идеја да ви понудам една многу интересна тема која досега не е обработувана и ќе има голем импакт врз македонската дефектолошка наука. Оваа тема се однесува на оние кои се вљубеници на научното публицирање и добри аналитичари. Работен наслов би бил: „Публицистичката дејност во македонската специјална едукација и рехабилитација преку примерот на списанието Journal of Special Education and Rehabilitation". Дипломецот ќе има задача да направи анализа на бројот на објавени трудови во списанието од 1997 до 2019/2020 година, рубрики, видови на трудови, потекло на автори, распределба по пол, начин на рецензирање, број на рецензенти и многу други останати варијабли. Потоа да направи компаративна анализа со слични списанија од регионот.
Ракавицата е фрлена, ајде да ве видам!
Поранешен главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment