Sunday, September 1, 2019

Бавноста на МОН во донесувањето на одлуки

Почитувани колешки и колеги,
Со голема доза на резигнираност го пишувам овој пост. Имено, уште на почетокот на 2018 година конкурирав во МОН за добивање на финансиски средства за објавен труд во списнаие со фактор на влијание за 2017 година. Нормално е да очекувате за неколку месеци одлука, па ајде нека е и до крај на 2018 година. Но, денес е 1 септември 2019 година и уште немаат никаков абер да не` известат. Се јавив неколку пати таму кај одговорните, па минатата година беше: „Чекајте сега да помине референдумот", почетоков на годинава одговорот беше: „Чекајте сега да поминат Претседателските избори". Мене навистина не ми е јасно зошто една најобична процедура се врзува со избори? Ако немаат пари, нека кажат и нека не објавуваат конкурси и нека не ја залажуваат научната јавност во Македонија. Кога поминаа Претседателските избори изговорт беше: „би требало да биде во јуни", за да пред некој ден разберам дека одлуката би била донесена најрано во октомври. Алоо НАСА (читајте МОН) се работи за трудови објавени во 2017 година. Па ова ви е таква бавност што човек може само да се покае што конкурирал, дал документи и што се надева на нешто. Со ваква бавна администрација нема одење во ЕУ, барем не во следните 10-15 години.
Раскажувачот

No comments:

Post a Comment