Почитувани колешки и колеги,
Чувствувам за потребно да ја информирам стручната јавност во Македонија и пошироко за моите учества во стручно-научни проекти од 2000 година до денес. За овој 22 годишен период имам реализирано или сум се` уште во фаза на реализација 21 проект. Еве ги деталите за нив.
- Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 08-2214/4 од 15.07.2000 година).
- Информации за аутизмот во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 10-723/21 од 19.12.2000 година).
- ХЛА-ДНК истражувања кај фамилии со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 07-1171/4 од 02.07.2001 година).
- Права на лицата со аутизам во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 08-698/1 од 12.12.2001 година).
- Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2001 година).
- Одредување на преваленцијата и инциденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2002 година).
- Толеранција или прифаќање – ЕАСПД проект. Подржан од Генералниот директорат за вработување и социјална работа при ЕК и под буџетската линија "Акции за борба и превенција на социјалната ексклузија" (2002-2003).
- Европа место за живеење – ЕАСПД проект. Проект спроведен во европската година за инвалидни лица, започнат од принципот дека сите европски граѓани треба да бидат слушнати и да им се даде право на глас на лицата со потешки интелектуални нарушувања (2003).
- „Во ФОКУС“ со TEMPUS програмата (2001-2004).
- „Заеднички глас мрежен проект“. Примарна и најсеопфатна цел на ова десктоп истражување е да ја истражи правната позадина со цел да се засили антидискриминацијата и еднаквите можности кај лица со интелектуална попреченост и аутизам (2008-2009).
- „Засилување на научните студии за ран аутизам“ со COST програмата (2010-2014).
- „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“ ЕУ проект (2014-2015).
- „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ Еразмус плус ЕУ проект (2015-2018).
- „Холистички пристап на планирање за лица со аутизам“. 2018-1-EL01-KA204-047788 - Еразмус плус ЕУ проект (2018-2021).
- „Пријателски простори за аутизам“. – Еразмус плус проект. (2019-2022).
- „Програма за социјални вештини и позитивно родителство кај аутизмот“ – УНИЦЕФ проект SSFA/MCDA/19-004/Amendment 1 (2019-2020).
- „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ – проект од Општина Карпош (2020-2021).
- „Учам и ги надминувам своите граници“. – Еразмус плус проект. КА2 – Соработка за иновации и размена на добри практики Стратешки партнерства за образование на возрасни. Број на проект: 2020-1-TR01-KA204-092794 (2020-2022).
- „Инклузија преку социјални вештини за учениците со аутистичен спектар на нарушување и интелектуална попреченост“. – Еразмус плус проект. KA210-SCH – Мали партнерства во училишното образование. Број на проектот: KA210-SCH-617E85D8 (2021-2023).
- „Достапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите“. – Еразмус плус проект. KA220-SCH – Партнерства за соработка во училишното образование. Број на проектот: KA220-SCH-BCB692B4 (2021-2024).
- „Карционом-разбирање на превенцијата кај интелектуалната попреченост“ – COST ЕУ проект. Број на проектот: CA21123. (2022-2026).
Учесник во проектите
No comments:
Post a Comment