Tuesday, July 19, 2022

Член на комитетот за менаџирање во CUPID проектот

Почитувани колешки и колеги,

Со извесна доза на задоволство сакам да ја информирам македонската научна јавност дека сум избран за член на комитетот за менаџирање во CUPID проектот во рамките на COST програмата на ЕУ што ќе се реализира од 25.10.2022 до 24.10.2026 година. Бројот на проектот е CA21123 - Cancer- Understanding Prevention in Intellectual Disabilities-CUPID.

Постои слабо разбирање за превенцијата од рак кај луѓето со интелектуална попреченост. CUPID ќе воспостави истражувачка агенда и база на знаење за да го подобри ова во Европската унија и пошироко. Меѓу европската популација со интелектуални попречености, многу лица со дијагноза на рак се симптоматски презентирани од што произлегува вознемиреност во однесувањето или физички промени. Смртните случаи од рак кај оваа популација се јавуваат до 20 години порано од општата популација. Факторите кои влијаат на нееднаквиот здравствен статус и прераната смрт кај лицата со интелектуална попреченост бараат понатамошни истражувања. Членот 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост го признава нивното право на здравствена заштита. Стратегијата за попреченост на Советот на Европа 2017-2023 го препознава неуспехот на здравствените системи да се вклучат и да ги вклучат лицата со попреченост.
Повеќе за проектот на следниот ЛИНК.

Член на менаџмент комитетот






No comments:

Post a Comment