Почитувани колешки и колеги,
Во својата четврт век кариера на ФЗФ имам учествувано во повеќе редакциски и уредувачки одбори. Би сакал за мој спомен да ги споделам сите досегашни искуства. Се надевам дека до крајот на кариерата ќе ги има уште.
- Октомври 1999 - Октомври 2001 Заменик претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофски факултет.
- Јули 2000 - Одговорен уредник на Зборникот на апстракти од трудовите презентирани на Студентскиот дефектолошки семинар.
- Јуни 2003 – главен и одговорен уредник на зборникот на апстракти на конференцијата 10 години студии по дефектологија во Македонија.
- Септември 2004 до Ноември 2008 – Заменик уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
- Октомври 2004 – Октомври 2016 – Консултант на уредникот на списанието Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities.
- Ноември 2006 – Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Бугарското списание за комуникациски нарушувања.
- Јуни 2007- декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Хрватската ревија за рехабилитациски истражувања.
- Октомври 2008 – Член на редакцискиот одбор на зборникот на резимеа: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционалниот третман на децата со посебни образовни потреби“.
- Ноември 2008 – септември 2017 – Главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
- Септември 2011 – Консултант на уредникот на списанието Insights into Learning Disabilities.
- Јануари 2013 – член на советодавниот одбор на списанието за наука и технологија со отворен пристап.
- Август 2013 – Декември 2017 сениор уредник на Journal of Evolution of Medical and Dental Sciences.
- Ноември 2014 – член на редакцискиот одбор на Белградска дефектолошка школа.
- Јануари 2015 – Декември 2018 – член на редакцискиот одбор на списанието International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE)
- Јануари 2015 – член на редакцискиот одбор на списанието Human Research in Rehabilitation
- 26 април 2018 - 25 јуни 2022 – Главен и одговорен уредник на списанието “Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities”.
- Декември 2020 – член на редакцискиот одбор на списанието Special Education and Speech & Language Therapy.
Можеби не се многу, но ќе се согласите дека не се ни малку.
Член на редакциски одбори
No comments:
Post a Comment