Showing posts with label списанија. Show all posts
Showing posts with label списанија. Show all posts

Monday, June 5, 2023

3. работилница за млади истражувачи за научна и публицистичка етика

Почитувани колешки и колеги,

Следејќи го досегашното искуство за успешно организирање на две научни работилници, со задоволство ја најавуваме третата заедничка MAAA-MЗMУ Работилница за млади научници за научна и публицистичка етика и пишување научни трудови. Работилницата ќе се одржи на 15.06.2023 г. (четврток) со почеток-пријавување од 8,30 ч. на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј-Скопје во Сала за седници на првиот спрат.

Многу е важно секој научник да развие вештини за научно пишување и објавување со цел да ги промовира неговите/нејзините истражувачки наоди и професионални активности. На многу млади научници им недостигаат информации за принципите на научната комуникација и публицистичката етика и им треба охрабрување за научно пишување поради недоволното знаење и вештини за да подготват солиден ракопис за да ги задоволат барањата на рецензентите и уредниците и да бидат прифатени за објавување во списанија со отворен пристап, особено во списанија на повисоко ниво и со фактор на влијание (IF).

Работилницата е наменета за млади научници кои го подготвуваат својот прв ракопис или би сакале да ги подобрат своите вештини за пишување и објавување во научни списанија. Членовите на МААА и членовите на МЗМУ, како и персоналот на Амбасадата на САД и персоналот на Американското катче, ќе имаат приоритет за регистрација врз основа на „Прв дојден-прв услужен“, но веројатно дека ќе остане и некое место и за другата научна јавност во Македонија.

Целта на работилницата е да се зголеми свеста кај младите научници за меѓународните критериуми и стандарди во научното пишување и публикување и да се спречат недолично однесување и измами, плагијат и патологија на авторството во научното издаваштво, како и избегнување на грабливи издавачи и списанија. Дополнително, да се обезбеди практична обука за младите научници со цел да им се овозможи правилна и научно издржана комуникација на нивните резултати од истражувањето и презентација на податоците во ракопис структуриран во „Вовед, методи, резултати и дискусија“ до делот „Заклучок“, како и да развива вештини за критичко читање на објавената литература.

Во прилог е Формуларот за регистрација што треба да се пополни што е можно поскоро.

Програмата за настанот можете да ја симнете ОВДЕ.

Прифаќањето и потврдувањето на учесниците ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“. Бројот на учесници е ограничен на 25. Пријавување најдоцна до 12 јуни во 12:00 часот. Ве очекуваме да се пријавите. За сите учесници што ќе останат до крајот следуваат СЕРТИФИКАТИ.

Генерален секретар на МЗМУ

Tuesday, July 12, 2022

Членство во редакциски и уредувачки одбори на списанија

Почитувани колешки и колеги,

Во својата четврт век кариера на ФЗФ имам учествувано во повеќе редакциски и уредувачки одбори. Би сакал за мој спомен да ги споделам сите досегашни искуства. Се надевам дека до крајот на кариерата ќе ги има уште.

  1. Октомври 1999 - Октомври 2001 Заменик претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофски факултет.
  2. Јули 2000 - Одговорен уредник на Зборникот на апстракти од трудовите презентирани на Студентскиот дефектолошки семинар.
  3. Јуни 2003 – главен и одговорен уредник на зборникот на апстракти на конференцијата 10 години студии по дефектологија во Македонија.
  4. Септември 2004 до Ноември 2008 – Заменик уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  5. Октомври 2004 – Октомври 2016 – Консултант на уредникот на списанието Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities.
  6. Ноември 2006 – Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Бугарското списание за комуникациски нарушувања.
  7. Јуни 2007- декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Хрватската ревија за рехабилитациски истражувања.
  8. Октомври 2008 – Член на редакцискиот одбор на зборникот на резимеа: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционални­от третман на децата со посебни образовни потреби“.
  9. Ноември 2008 – септември 2017 – Главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  10. Септември 2011 – Консултант на уредникот на списанието Insights into Learning Disabilities.
  11. Јануари 2013 – член на советодавниот одбор на списанието за наука и технологија со отворен пристап.
  12. Август 2013 – Декември 2017 сениор уредник на Journal of Evolution of Medical and Dental Sciences.
  13. Ноември 2014 – член на редакцискиот одбор на Белградска дефектолошка школа.
  14. Јануари 2015 – Декември 2018 – член на редакцискиот одбор на списанието International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE)
  15. Јануари 2015 – член на редакцискиот одбор на списанието Human Research in Rehabilitation
  16. 26 април 2018 - 25 јуни 2022 – Главен и одговорен уредник на списанието “Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities”.
  17. Декември 2020 – член на редакцискиот одбор на списанието Special Education and Speech & Language Therapy.
Можеби не се многу, но ќе се согласите дека не се ни малку.

Член на редакциски одбори

Monday, May 11, 2020

ЧЛЕНСТВА ВО РЕДАКЦИСКИ ОДБОРИ НА СПИСАНИЈА

Почитувани колешки и колеги,
Вчера нешто чепкав по документите во компјутерот и увидов дека немам креирано посебен фајл за моите учества во редакциските одбори или консултант на уредникот во разни странски списанија. Потрошив малку време и кога видов, списокот воопшто не е за потценување. Многу од тие учества се завршени и пишува датум на нив, но сето тоа ми даваше неопходно искуство и калење во научното издаваштво. Неколку од нив се се` уште актуелни. Па еве решив да ги споделам со посетителите на овој блог, а и да ми останат како убав спомен.
  1. Октомври 1999 - Октомври 2001 Заменик претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофски факултет.
  2. Јули 2000 - Одговорен уредник на Зборникот на апстракти од трудовите презентирани на Студентскиот дефектолошки семинар.
  3. Јуни 2003 – главен и одговорен уредник на зборникот на абстракти на конференцијата 10 години студии по дефектологија во Македонија.
  4. Септември 2004 до Ноември 2008 – Заменик уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  5. Октомври 2004 – Октомври 2016 – Консултант на уредникот на списанието Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities.
  6. Ноември 2006 – Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Бугарското списание за комуникациски нарушувања
  7. Јуни 2007- Декември 2014 – Член на редакцискиот одбор на Хрватската ревија за рехабилитациски истражувања
  8. Октомври 2008 – Член на редакцискиот одбор на зборникот на резимеа: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционални­от третман на децата со посебни образовни потреби“.
  9. Ноември 2008 – септември 2017 – Главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“.
  10. Септември 2011 – Септември 2016 – Консултант на уредникот на списанието Insights on Learning Disabilities.
  11. Јануари 2013 – член на советодавниот одбор на списанието за наука и технологија со отворен пристап.
  12. Август 2013 – Декември 2017 сениор уредник на Journal of Evolution of Medical and Dental Sciences.
  13. Ноември 2014 – член на редакцискиот одбор на Белградска дефектолошка школа.
  14. Јануари 2015 – член на редакцискиот одбор на списанието HUMAN.
  15. Јануари 2015 – Декември 2018 – член на редакцискиот одбор на списанието International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE).
  16. 26 април 2018 – Главен и одговорен уредник на списанието “Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities”.

Главен и одговорен уредник на ЈРТДД