Showing posts with label ЕУ. Show all posts
Showing posts with label ЕУ. Show all posts

Wednesday, October 23, 2024

Покана за втората годишна конференција од CUPID проектот

Почитувани колешки и колеги,

Имам особена чест и задоволство да ве поканам на втората годишна конференција од CUPID проектот. Имено се ближи крајот на втората година од проектот и редно е да дадеме јавен отчет за нашата работа. Веб конференцијата ќе се одржи на ЗУМ платформата во вторник на 29 октомври со почеток во 13:00 часот по македонско време. Регистрацијата и учеството е бесплатно на следниот ЛИНК. Гугл формуларот ќе биде отворен до 28 октомври во 10:00 часот. Ве молам запишете ги точно вашите е-пошти за да ви биде испратен линк за учество. За сите оние кои ќе бидат присутни од првата до последната минута на веб конференцијата ќе биде обезбеден електронски сертификат. Поканети се сите оние кои ги интересира превенцијата на карцином кај лицата со интелектуална попреченост.

Во прилог е програмата за конференцијата која е поддржана од COST програмата на ЕУ. Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба! Вечна Македонија!

Заменик раководител на CUPID проектот

Раководител на WG4 групата и модератор на конференцијата









Tuesday, July 19, 2022

Учества во проекти

Почитувани колешки и колеги,

Чувствувам за потребно да ја информирам стручната јавност во Македонија и пошироко за моите учества во стручно-научни проекти од 2000 година до денес. За овој 22 годишен период имам реализирано или сум се` уште во фаза на реализација 21 проект. Еве ги деталите за нив.

  1. Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 08-2214/4 од 15.07.2000 година).
  2. Информации за аутизмот во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 10-723/21 од 19.12.2000 година).
  3. ХЛА-ДНК истражувања кај фамилии со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 07-1171/4 од 02.07.2001 година).
  4. Права на лицата со аутизам во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 08-698/1 од 12.12.2001 година).
  5. Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2001 година).
  6. Одредување на преваленцијата и инциденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии - реализиран во 2002 година).
  7. Толеранција или прифаќање – ЕАСПД проект. Подржан од Генералниот директорат за вработување и социјална работа при ЕК и под буџетската линија "Акции за борба и превенција на социјалната ексклузија" (2002-2003).
  8. Европа место за живеење – ЕАСПД проект. Проект спроведен во европската година за инвалидни лица, започнат од принципот дека сите европски граѓани треба да бидат слушнати и да им се даде право на глас на лицата со потешки интелектуални нарушувања (2003).
  9. „Во ФОКУС“ со TEMPUS програмата (2001-2004).
  10. „Заеднички глас мрежен проект“. Примарна и најсеопфатна цел на ова десктоп истражување е да ја истражи правната позадина со цел да се засили антидискриминацијата и еднаквите можности кај лица со интелектуална попреченост и аутизам (2008-2009).
  11. „Засилување на научните студии за ран аутизам“ со COST програмата (2010-2014).
  12. „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“ ЕУ проект (2014-2015).
  13. „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ Еразмус плус ЕУ проект (2015-2018).
  14. „Холистички пристап на планирање за лица со аутизам“. 2018-1-EL01-KA204-047788 - Еразмус плус ЕУ проект (2018-2021).
  15. „Пријателски простори за аутизам“. – Еразмус плус проект. (2019-2022).
  16. „Програма за социјални вештини и позитивно родителство кај аутизмот“ – УНИЦЕФ проект SSFA/MCDA/19-004/Amendment 1 (2019-2020).
  17. „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ – проект од Општина Карпош (2020-2021).
  18. „Учам и ги надминувам своите граници“. – Еразмус плус проект. КА2 – Соработка за иновации и размена на добри практики Стратешки партнерства за образование на возрасни. Број на проект: 2020-1-TR01-KA204-092794 (2020-2022).
  19. „Инклузија преку социјални вештини за учениците со аутистичен спектар на нарушување и интелектуална попреченост“. – Еразмус плус проект. KA210-SCH – Мали партнерства во училишното образование. Број на проектот: KA210-SCH-617E85D8 (2021-2023).
  20. „Достапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите“. – Еразмус плус проект. KA220-SCH – Партнерства за соработка во училишното образование. Број на проектот: KA220-SCH-BCB692B4 (2021-2024).
  21. „Карционом-разбирање на превенцијата кај интелектуалната попреченост“ – COST ЕУ проект. Број на проектот: CA21123. (2022-2026).
Учесник во проектите