Showing posts with label есенска сесија. Show all posts
Showing posts with label есенска сесија. Show all posts

Saturday, August 27, 2022

Напомена за полагање на испитите во есенската сесија - 2022

Почитувани студенти,

Задутре 29.08.2022 година започнува првата декада, па поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На испит со физичко присуство се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин и се чека пред амфитеатарот. Кој доцни НЕМА да го полага испитот. 
  • Во оваа сесија нема да има електронско полагање за испитите и вие што сте во странство не ми пишувајте пораки залудно. Доколку од Деканатот не овозможат таков начин на двојно полагање и не го платат екстра на професорите тој начини, нема да има два вида на полагање во иста сесија.
  • Испитите од прва декада ќе се полагаат во амфитеатар 4.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит, да носите печатена пријава (која е читливо пополнета) со себе.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се носи индекс или студентска легитимација заради идентификација.
  • Морате да имате најмалку 2 пенкала со себе со сина боја. Според Марфи, едното пенкало секогаш престанува да пишува.
  • На испитот не се препишува, договара со колега/колешка, не се користи блутут „бубачка во уво“, или било кој друг недозволен начин на полагање.
  • Испитот се полага БЕЗ УРГЕНЦИИ!
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Thursday, July 21, 2022

Анкета за полагање испити во есенската сесија - 2022

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам анкетата за полагање испити во есенската сесија. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот доколку се полага со физичко присуство. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во август заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на соработката.
Предметен наставник

Friday, July 24, 2020

Задолжителни списоци на студенти за есенска сесија - 2020

Почитувани студенти,
Се ближи августовско-септемвриската сесија и потребно е да се направи распоред на простории во кои за 5-6 пати ќе биде редуциран бројот на студенти што може да полагаат. Сесијата по моите испити ќе започне на 25 август. За да се направи добар распоред во групи потребно е многу скоро да се организираме и да ми дадете точни списоци кој студент во која декада ќе полага и кој предмет ќе го полага. За таа цел ги задолжувам следните студенти да си ги консултираат своите колеги и колешки и најдоцна до понеделник 10 август да ми достават список во Ворд фајл, во посебни табели секој предмет и посебно по декади. Во списокот задолжително да има име и презиме и број на индекс во посебни колони. За некои генерации веќе одредив, но не ги запомнив и ако е објавен повторно друг студент, нека се искоординираат кој од нив ќе ми прати.

За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 10501/19
За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 24930/18
За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 24560/17
За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9495/16
За генерација запишани 2014 година се задолжува студентката 23273/14
За генерација запишани 2013 година се задолжува студентката 23137/13
За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 22811/12

За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ
  • За актуелната прва година се задолжува студентката 25046/19
  • За актуелната втора година се задолжува студентката 24615/18
Студентите кои нема да бидат навремено пријавени, нема да може да им се обезбеди простор во редовната сесија и ризикуваат да не можат да полагаат. Исто така сите кои нема да достават задачи за 15 ЕКТС поени до 31 јули нема да можат да полагаат во престојната сесија.
Во очекување на вашите списоци, примете колегијални поздрави.
Предметен наставник