Friday, December 4, 2015

ВИДЕО: Аутизмот во курикулумот на Институтот за дефектологија

Почитувани колешки и колеги,
Веќе ве информирав за одржувањето на тркалезната маса која се одржа на 2 декември во ЕУ инфо центарот во организација на канцеларијата на Народниот правобранител на РМ. Тема на тркалезната маса беше: „Аутизмот во редовното основно образование", а насловот на мојата презентација беше „Аутизмот во курикулумот на Институтот за дефектологија". Слајдовите од предавањето можете да ги прегледате овде. На следниот линк можете да ги погледнете сликите од настанот. Претпоставувам дека ќе ве интересира и самото видео од предавањето кое ќе можете да го проследите во продолжение на овој пост. Благодарност до Стојан Андонов и Филип Јуртоски за видео снимката.
Претседател на МНЗА


No comments:

Post a Comment