Saturday, May 11, 2013

Што НЕ треба да правите при презентирање

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да споделам неколку практични совети што не треба да правите кога презентирате семинарски, дипломски, магистерски, докторски труд или труд на конгрес. Се надевам истиве совети ќе ви користат во вашата практика.
  1. НЕ користете мали фонтови.
  2. НЕ гледајте во една точка за цело време.
  3. НЕ се извинувајте од типот:
    "Немав време да се подготвам за презентацијата".
    "Јас не се чувствувам правилно подготвен за оваа презентација".

    "Бидејќи сум болен не сум подготвен за оваа презентација".
  4. НЕ го пречекорувајте временско ограничување.
  5. НЕ стоите пред проектираниот материјал.
  6. НЕ застанувајте со грбот пред публиката.
  7. НЕ покажувајте кон лаптоп, туку кон видео ѕидот.
Ментор

No comments:

Post a Comment