Почитувани студенти,
Сакам да ве информирам за три работи во врска со идната работна седмица. Тоа се колоквиумот, семинарот и потписите по ХГ.
На барање на редовните студенти поради друг колоквиум утре на 07.05.2013 кај колешката, морав да го поместам колоквиумот ХГ во мојот ден за предавање понеделник 13.05.2013. Тој ќе се полага во библиотеката на Институтот за дефектологија на ФЗФ во 08.15.
На 14.05.2013 (вторник) во лабораторија со почеток во 08:00 часот ќе го одржам последното предавање за генска терапија. На предавањето треба да дојде целата генерација и тоа ќе се бодира.
Во 09:00 часот треба да дојдат прва и втора група од вежби и тие студенти (3-4) што се во овие две групи, а се пријавија за семинарот за ХГ. Потоа следуваат потписи. Доколку има повеќе ќе бидат префрлени во другиот термин.
Во 10:00 часот треба да дојдат трета и четврта група за вежби. Ќе презентираат 3-4 студенти. Потоа следуваат потписи. За непречено добивање потпис треба да имате најмногу два минуси од вежби, не помалку од 7 плуса на предавање, да носите практикум ХГ со себе и се разбира индекс. Групите од вежби ако не си ги знаете погледнете на стариот блог. Присуството на семинарите по ХГ ќе се бодира во рамките на вежбите.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment