Пред околу еден месец на мојот приватен Фејсбук профил воведов рубрика наречена Мементо. Рубриката избобилува со стари слики кои нешто значат во мојот живот. Секако дека во таа рубрика има и место за стари настани линкувани од јутјуб и стари музички нумери. Кога имам слободно време оваа рубрика навистина ме релаксира од тешкото секојдневие и ме враќа во некои поспокојни времиња. Наречете го тоа како носталгија или како сакате, но мене моментно ми е најдобрата забава во слободно време. Моите ФБ пријатели ја знаат приказната, но еве и на овој медиум да ја споделам рубриката Мементо. За овде се одлучив за 30 хитови се разбира во многу скратена верзија и тоа од Орвеловската 1984 година. Тоа се хитови од прв до последен, вистинска музичка едукација за помладите генерации, па преслушајте ги околу 8 минути траат.
Од сликите што ги постирам гледам тие да се постари од 2010 година. На сликите можат да се најдат мои другари, пријатели, колеги, студенти, соработници и други, т.е. сите оние што нешто значеле и се уште значат во мојот живот. За овде се одлучив да ви постирам нешто од една моја студиска посета на Холандија во март 2004 година. Сликата е направена пред една катедрала во Мастрихт.
Раскажувачот
No comments:
Post a Comment