Showing posts with label доставување. Show all posts
Showing posts with label доставување. Show all posts

Tuesday, August 17, 2021

Доставување на пријава за полагање испити

Почитувани студенти,

Како што веќе објавив се менува начинот на полагање на испити и заради тоа покрај електронското пријавување на испитите, ќе мора да доставите и печатена пријава. Таа мора да биде уредно пополнета со сите ваши податоци и податоци за предметот кој го полагате. Студентите од ИСЕР веќе од утре 18.08.2021 година ќе можат да ги доставуваат кај координаторката на ЕКТС во библиотеката на ИСЕР. Студентите од ИП исто така пријавите по предметот Хумана генетика и физиологија да ги достават кај нивната координаторка по ЕКТС во библиотеката на ИП. На задниот дел од пријавата ве молам да назначите дали испитот ќе го полагате во првата или втората декада.

Со почит,

Предметен наставник

Monday, January 18, 2021

Доставување на пријави јануарска сесија 2021

Почитувани студенти,

Сите кои сакате да полагате испити по моите предмети задолжително треба да доставите пријава во библиотеката на ИСЕР во кутија на која е напишано моето име. Имајќи предвид дека првата декада започнува во петок на 22.01.2021, вие морате таа обврска да ја завршите најдоцна до четврток. Тие што полагаат во втората декада треба да достават пријава најдоцна до 28.01.2021 година. На пријавите од задната страна задолжително пишете во која декада го полагате испитот. Исто така испитот задолжително треба да се пријави електронски во IKnow системот на УКИМ. Тие што ќе ги положат испитите ќе треба да достават индекси во специјално одредени денови и термини за таа намена, за што ќе бидете навремено известени на овој блог. Испитот НЕ можат да го полагаат тие студенти што не освоиле 15 ЕКТС поени.

Предметен наставник