Saturday, February 4, 2023

Напомена за полагање испити во февруарска сесија 2023

Почитувани студенти,

Задутре 06.02.2023 година започнува втората декада, па поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На испит со физичко присуство се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин и се чека пред амфитеатарот. Кој доцни НЕМА да го полага испитот. Може да се подготвува слободно за следната сесија.
  • Во оваа сесија нема да има електронско полагање за испитите и вие што сте во странство не ми пишувајте пораки залудно. Доколку од Деканатот не овозможат таков начин на двојно полагање и не го платат екстра на професорите тој начини, нема да има два вида на полагање во иста сесија.
  • Испитите од втора декада ќе се полагаат во амфитеатар 4.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит, да носите печатена пријава со себе (која е читливо пополнета).
  • Пријава се купува многу денови пред испитот, а не во 12:05, бидејќи „Студентскиот сервис“ отвора во 8:00 часот.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се носи индекс или студентска легитимација заради идентификација.
  • Морате да имате најмалку 2 пенкала со себе со сина боја. Според Марфи, едното пенкало секогаш престанува да пишува.
  • На испитот не се препишува, договара со колега/колешка, не се користи блутут „бубачка во уво“, или било кој друг недозволен начин на полагање.
  • Тестовите се пополнуваат читливо и јасно и не се пишува во квадтатите што се наменети за оценување.
  • Испитот се полага БЕЗ УРГЕНЦИИ!!!
  • Неподготвен не се доаѓа на испит. Нема да делам златници...
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment