Wednesday, February 8, 2023

Пишување оцени и потписи - 09.02.2023

Почитувани студенти,

Утре 09.02.2023 година можете во периодот од 8:00 до 10:00 часот да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР. Од 10:00 до 13:00 часот ќе пишувам оцени и ќе ставам потписи. Ве молам да не ме вознемирувате утре, бидејќи имам многу работа и немам време со секого поединечно да се гледам. Во библиотеката има посебна кутија за индекси каде што треба да се пише оцена, а другата кутија е за индекси каде што треба да се стават потписи. Ако не можете да го погодите овој термин, само оставете го индексот во библиотеката и чекајте во некој ден наредната седмица да ви биде потпишан. Не ме прашувајте кога имам консултации, затоа што јас и во денови кога немам консултации потпишувам индекси и ставам оцени.

Денес, на некои ставив потписи, но имам многу онлајн состанци и потпоплнувам пријави и за жал повеќе не можам да ве примам.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment