Почитувани студенти од ИСЕР,
Ве известувам дека во вторник (14.02.2023) година со почеток во 8:00 часот во лабораторијата на Педагошкиот факултет ќе го одржам првото предавање по Хумана генетика. Имено, започнува вториот семестар. На предавањата и вежбите должни се плус да присуствуваат сите преслушувачи од повозрасните генерации кои не положиле комисиски испит. Во вторник ќе се одржат само предавања, а вежбите ќе започнат наредната седмица потоа. Вие сте должни да бидете таму околу 15 минути пред почетокот на предавањето (веќе си знаете). Предавањата ги започнувам еден ден порано од официјалниот почеток на семестарот заради тоа што на 28.02.2023 година имам службено патување во странство и за да не ве викам потоа во саботи да одработуваме. Во случај на непредвидени околности (болест и слично) би ве известил најдоцна утрото во вторник. Се гледаме на старото место.
Со почит,
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment