Почитувани студенти,
Уште еднаш сакам да потенцирам како се доаѓа на испит. Не е на одмет да ви ги повторам овие 10 златни правила.
- Со потополно научен материјал. Најмалку три пати да се научи целиот материјал.
- Без доцнење, 15-тина минути пред закажаниот термин.
- Со уредно и читливо потполнета пријава.
- Со претходно пријаевн електронски испит.
- Со пополнета анкета за предметот кој го полагате.
- Со претходно освоени 15 ЕКТС поени по сите активности.
- Со најмалку две пенкала кои пишуваат.
- Со индекс, студентска легитимација или друг документ за идентификација.
- Без знаци за било каква инфекција, акутна кашлица, температура, кивање, назален секрет. Ако имате сезонска алергија треба да го докажете тоа со лекарско уверение.
- Без ургенции, без мито и корупција.
Ви благодарам ако ги почитувате овие правила.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment