Tuesday, June 21, 2022

Променети термини за полагање испити од прв циклус студии во августовско-септемвриска сесија - 2022

Почитувани студенти, 

Поради тоа што сум дал термини кога големиот амфитеатар припаѓа на Филолошкиот факултет, принуден сум да ги променам термините.
Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во августовско-септемвриската сесија 2022 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство. Вие сте ДОЛЖНИ да запишете од задната страна на пријавата во која декада ќе полагате (прва или втора). Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила, други непредвидени фактори или повторно пламнување на пандемијата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани.

Прва декада
22.08.2022  ХГФ и ФФА во Голем амфитеатар 08:00 часот

23.08.2022  ХГ и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
05.09.2022 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

05.09.2022 ФФА во Амфитеатар 4 во 09:00 часот

06.09.2022 ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

06.09.2022 МОИ во Амфитеатар 4 во 09:00 часот


Предметен наставник

No comments:

Post a Comment