Saturday, June 25, 2022

Оставка на позицијата главен и одговорен уредник на ЈРТДД

Почитувани читатели,

Пред малку го известив новиот издавач дека давам оставка на позицијата главен и одговорен уредник на списанието Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Заради целосна транспарентност со македонската јавност го давам на увид мојата е-пошта до него:

Respected Sir Sandeep,
I want to inform you that I am stepping down from the position of editor-in-chief and you should delete my name IMMEDIATELY from the home page and everywhere from the web site. I will inform the whole editorial board and you have no right to use their names for JRTDD anymore. They all are my friends and colleagues. I am sorry but I don't want to work with predatory publishers. I asked you to not put a publication fee and you put 600 dollars. Everything you said three days ago you didn't fulfill. If you don't delete my name immediately I will inform COPE, DOAJ, SCOPUS, EBSCO, and all scientific publishers and the community that you are a PREDATORY PUBLISHER. With this way of working you will destroy the journal and my 4 years of work.
All the best,

На што ги темелам моите сознанија дека се предатори?
  1. Доцни на официјален состанок со уредник 10 минути,
  2. Говори на ЗУМ без камера (не го покажува лицето).
  3. Се претставува како Sandeep, само со едно име, што е непотполна идентификација. Којзнае како му е правото име?
  4. Ветува нова понуда за 2 часа, го нема никаде повеќе од 3 дена.
  5. На веб страницата за која вели дека е официјален издавач AGSER нема никакви податоци дека е сериозен издавач, портфолио и слично. Никаде фотографии, ниту биографии.
  6. Немаат ниедно сериозно списание зад себе досега издадено.
  7. Јас го замолувам да не става publication fee, тој веднаш става 600 долари што може да се види на почетната страница на списанието.
  8. Го интересира само и само профит.
Почитувани,
Ја нема таа пара на овој свет што може да ме плати за да работам за предатори. Имајте убав викенд. Одиме натаму...

Поранешен главен и одговорен уредник на ЈРТДД

No comments:

Post a Comment