Sunday, February 26, 2017

Преслушувачи МОИ -2017

Почитувани студенти,
Сите вие кои го имате презапишано предметот Медицински основи на инвалидноста ве поканувам на настава на 01.03.2017 година (среда) во лабораторијата на Педагошкиот факултет од 08:00 до 10:30 часот. За добивање потпис дозволени се најмногу две отсуства од вкупниот број на одржани часови. За сите оние кои во тоа време имаат настава по друг предмет ќе изнајдеме решение за да на крај не останат без потпис. Го очекувам вашето присуство.
Предметен наставник

Friday, February 24, 2017

Список на семинарски трудови по МОИ - 2017

Почитувани студенти од прва година,
Денес од студентката Е.О. го добив списокот на заинтересирани студенти за изработка на семинарски труд. Во прилог ви ги праќам семинарските теми кои треба да ги изработите најдоцна до 30.04.2017 година. Семинарските трудови се доставуваат во печатена и електронска верзија. Сите оние кои ќе стигнат по наведениот термин нема да бидат прегледани и оценети.

Број на индекс
Тема
24095/16
Аудиометрија
24072/16
Развојни аномалии на ‘рбетникот и ‘рбетниот мозок
9489/16
Класификација на ментална ретардација
9606/16
Епидемиологија на ментална ретардација
24085/16
Етиологија на ментална ретардација
9466/16
Глауком
9494/16
Хидроцефалус
24106/16
Генетика на ментална ретардација
9516/16
Myasthenia gravis
24211/16
Методи на испитување на слухот
9477/16
Хиперкинетски синдром
9475/16
Мултипна склероза
24060/16
Третман на ментална ретардација
9495/16
Превенција на ментална ретардација
24077/16
Шизофренија
9519/16
Menkes-ова болест
9501/16
Ретов синдром
24038/16
Нарушувања на говорот
9622/16
Акутни воспаленија на средното уво
24044/16
Хронични воспаленија на средното уво
24061/16
Мениерова болест
9575/16
Отосклероза
9446/16
Отогени компликации
24099/16
Нарушувања на фонацијата
24079/16
Офталмолошки тестови
24078/16
Кратковидост
24052/16
Далекувидост
9453/16
Астигматизам
24084/16
Страбизам
9481/16
Развојни аномалии на мозокот и черепот
24104/16
Катаракта
24054/16
Церебрална парализа
9478/16
Кохлеарен имплант
9566/16
Холестеатом
24093/16
Miler-Dicker синдром
9487/16
Rubinstein Taybi синдром
24048/16
Функционална амблиопија
9492/16
Наглувост и глувост
24059/16
Smith-Magenis синдром
24083/16
Фенилкетонурија
9500/16
Галактоземија
9557/16
Charcot-Marie-Tooth болест
24057/16
Неврофиброматоза
24081/16
Туберозна склероза
9491/16
Афазија
9474/16
Нистагмус
9482/16
Tay-Sachs- ова болест
24062/16
Аутизам





















































Предметен наставник

Tuesday, February 7, 2017

SYLLABUS ЗА ПРЕДАВАЊА ПО МЕДИЦИНСКИ ОСНОВИ НА ИНВАЛИДНОСТА - 2017

Почитувани студенти,
Ако биде се` во најдобар ред на 14.02.2017 во 8 часот започнуваме со првото предавање по Медицински основи на инвалидноста. Доволно беше зимскиот сон, време е за повеќе работа. Во прилог ви го давам силабусот по предметот како би можеле поквалитетно да ја следите наставата. Го имаме како резервен датум 30 мај во случај да дојде до губење на некој термин заради празник или мое службено отсуство. Предавањата и вежбите ќе се одвиваат во лабораторијата на Педагошкиот факултет.

I. Недела 14.02.2017
1. Класификација на менталната ретардација
2. Епидемиологија на менталната ретардација

II. Недела 21.02.2017
3. Етиологија на менталната ретардација
4. Преглед на ментално ретардирано лице
5. Физички и биолошки методи на преглед на МРЛ
6. Дијагноза на ментална ретардација

III. Недела 28.02.2017
7. Диференцијална дијагноза на менталната ретардација
8. Третман на менталната ретардација
9. Прогноза на менталната ретардација
10. Превенција на менталната ретардација
11. Шизофренија

IV. Недела 07.03.2017
12. Хиперкинетски синдром (АДХД)
13.Myasthenia gravis
14. Мултипна склероза

V. Недела 14.03.2017
15. Аутизам
16. Ретт-ов синдром

VI. Недела 21.03.2017
17. Церебрална парализа
18. Развојни заболувања на ЦНС

VII. Недела 28.03.2017
I КОЛОКВИУМ


VIII. Недела 04.04.2017
19. Методи на испитување на слухот
20. Аудиометрија
21. Испитување на слухот кај децата

IX. Недела 11.04.2017
22. Акутни воспаленија на надворешното уво
23. Акутни воспаленија на средното уво
24. Хронични воспаленија на средното уво
25. Отогени компликации

Х. Недела 18.04.2017
26. Мениерова болест
27. Отосклероза

XI. Недела 25.04.2017
28. Нарушувања на говорот
29. Основи на фонијатријата
30. Методи на преглед во фонијатријата
31. Фонација
32. Фонациски автоматизми
33. Нарушувања на фонацијата
34. Функционални нарушувања на гласот
35. Гласот и говорот по ларингектомија

XII. Недела 02.05.2017
36. Испитувања на функцијата на видот (офталмолошки тестови)
37. Рефракција на окото
38. Видови рефракции и испитувања на рефракцијата
39. Миопија
40. Хиперметропија

XIII. Недела 09.05.2017
41. Страбизам
42. Патолошки промени на леќата

XIV. Недела 16.05.2017
43. Глауком (поим и дефиниција)
44. Состојби на глауком
45. Вроден глауком
46. Функционална амблиопија

XV. Недела 23.05.2017
II КОЛОКВИУМ
Семинар
Потписи

Предметен наставник

Промена на термин за полагање испити за втор циклус - 15.02.2017

Почитувани постдипломци,
Поради одржување на настава и првиот час по Медицински основи на инвалдиноста за прв циклус студии во вторник на 14.02.2017 година нема да бидам во можност да ги одржам закажаните испити и затоа истите ги одложувам за еден ден подоцна, т.е. на 15.02.2017 година по следниот редослед:

Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања во 12:00 часот.

Ве молам да ме информирате со е-пошта доколку има заинтересирани кандидати за полагање во првата декада.
Предметен наставник

Thursday, February 2, 2017

Пишување оцени - 03.02.2017

Почитувани студенти,
Сите вие кои не земавте оцени во минатиот термин ве поканувам утре (петок) во периодот од 08:00 до 09:30 часот. Ова веројатно ќе биде и последниот термин за оваа сесија, бидејќи за наредната седмица имам други планови. Исто така морам да ги предадам пријавите во службата за „Студентски прашања". Ве молам за почитување терминот.
Предметен наставник

Список на ЕКТС поени по предметот ФФА

Почитувани студенти од прва година,
Малку со задоцнување од разбирливи причини ви го проследувам списокот на ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Само три студентки го положија испитот преку колоквиуми и активности. Останатите во црвено или зелено или немаат право на потпис, или немаат право да полагаат испит се` додека не ги завршат обврските. Со кликнување на линкот погоре ќе можете да добиете увид во вашите поени.
Предметен наставник