Ве покануваме на петтата обука за родители во рамките на ESIPP проектот. Обуката ќе се одржи во периодот од 2 до 3 септември 2017 во зградата на Општина Охрид.
Ве молиме да го потврдите вашето присуство кај секретарот на МНЗА Филип Јуртоски или на e-mail secretary@mssa.org.mk или на мобилен 075-725-951 најдоцна до 30.08.2017 година.
Обуките се бесплатни и се наменети за родители (или членови на семејствата) на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам.
АГЕНДА
Сабота (02.09.2017)
Место: Општина Охрид
09:00- 10:30 Д-р Јасмина Трошанска (МНЗА) Вовед во аутистичниот спектар на нарушување
10:30-10:45 Пауза за кафе
10:45-12:15 Филип Јуртоски (МНЗА) Разбирање и справување со предизвикувачкото однесување
12:15-12:30 Пауза за кафе
12:30-14:00 Ана Шикалеска (МНЗА) Справување со сензорната чувствителност
14:00-15:00 Д-р Јасмина Трошанска (МНЗА) Комуникацијата и нејзиното влијание врз однесувањето
15:00-15:30 Дискусија
Недела (03.09.2017)
Место: ПОУ Општина Охрид
09:00- 10:30 Ана Шикалеска (МНЗА) Значењето на визуелната структура и нејзина имплементација
10:30-10:45 Пауза за кафе
10:45-12:15 Билјана Кујунџиќ Настевска (МНЗА) Позитивни пристапи кон социјалниот развој и интеракција
12:15-12:30 Пауза за кафе
12:30-14:00 Проф. д-р Дејвид Прис (Универзитет во Нортхемптон) Пубертет и адолесценција кај аутизмот – користење на визулената поддршка за помош при справување со типични проблеми
14:00-14:30 Дискусија
Тренери:
Проф. д-р Дејвид Прис
Д-р Јасмина Трошанска
Ана Шикалеска
Филип Јуртоски
Обуките се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting – ESIPP) Проектот е со број: 2015-1-UK01-KA204-013397 и е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, Клучна акција: Соработка заради иновации и размена на добра пракса и Тип на акција: Стратешко партнерство за едукација на возрасни. Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека пак партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам Европа со седиште во Белгија, Центар за развој и поддршка на деца и адолесценти со аутистичен спектар на нарушувања од Кипар, Европски универзитет од Кипар, Македонско научно здружение за аутизам од Македонија, Таргет аутизам и Аутизам Консерн од Англија.
Целите на проектот се:
- Создавање на модел заснован на научни докази за едукација на родители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа.
- Создавање на програма и еколошки материјали за обука на родители.
- Употреба на материјалите во едукација на семејства на деца со аутизам во региони каде што претходно не биле спроведувани едукации.
- Оценка на употребата на материјалите и влијанието на обуката преку квалитативни и квантитативни анализи на податоци.
- Споделување на моделот на програма за едукација на родители, алатките и материјалите со засегнатите страни и давање на препораки на креаторите на политики и оние кои донесуваат одлуки.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment