Friday, November 29, 2013

Термини мајско-јунска сесија 2014

Почитувани студенти,
Иако е прерано да се мисли на мај и јуни 2014 година, но побараа од мене, па морам да доставам. Имате прилика да ги видите први. Студентите имаат право да изберат само една декада за еден испит.

1 декада
28.05.2014 - ФФА, Генетика и Физиологија во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
29.05.2014 - ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2 во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија

2 декада
04.06.2014 - ФФА, Генетика и Физиологија во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
05.06.2014 - ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2 во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија


Аирлија работа
Предметен наставник

Wednesday, November 27, 2013

Предавање семинарски трудови

Почитувани студенти,
Има само уште два дена за предавање на семинарските трудови. Семинарските трудови по ФФА се предаваат кај демонстраторката Мануела Крчаноска, а по ХГ кај мене. За студентите од Институтот за психологија важи правилото дека и по двата предмета треба да ги предадат кај мене. Има еден мал проблем што денес не беше работен ден, а вчера и завчера на ФЗФ примив само три семинарски трудови по предметот МОИ. Во принцип на Педагошки факултет не примам семинарски трудови, но за некои 20-тина труда ќе направм исклучок. Останатите утре од 13.30 до 15.00 кај мене во кабинет. Во петок нема да има таков термин на ФЗФ.
Ве молам во овие преостанати два дена да ги закачите електронските верзии од трудовите како што ви објаснив во претходниот пост.
Предметен наставник

Библиографија за аутизам објавена во ДТП/JSER 1997-2013

Почитувани читатели на ДТП/JSER,

Во наредниот број на списанието ДТП/JSER правиме пресек на објавена библиографија за аутизам во него во периодот 1997-2013. Благодарам на секретарот Ана Петковска за помошта во изработката. Во продолжение следуваат сите 27 референци објавени во дадениот период.

1.Williams LE, Casanova FM. Hyperlexia and dyslexia in autism: hitting a moving target. Journal of Special Education and Rehabilitation 2012; 13(3-4): 39–54.
2.Vasileva N. Diagnosis and therapy of motor disturbances in children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2012; 13(3-4): 55–68.
3.Head NC, Hill AD, Flores M. Case study on the implementation of a video story-based intervention with self-modeling treatment package to reduce stereotypical spitting behavior in a young girl with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2012; 13(3-4): 85–98.
4.Stankova T, Trajkovski V. Attitudes and opinions of employers, employees and parents about the employment of people with autism in the Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation 2010; 11(3-4): 16–30.
5. Memisevic H, Hodzic S. The effects of equine-assisted therapy in improving the psycho-social functioning of children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2010; 11(3-4): 57–67.
6.Mladenovska B, Trajkovski V. Opinions and attitudes of parents and students for sexual development, sexual behavior and gender identity of persons with autism in the Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation 2010; 11(1-2): 7–24.
7.Preece D. Social care support services in England for children and adults with autism spectrum disorders and their families. Journal of Special Education and Rehabilitation 2008; 9(3-4): 63–72.
8.Singh KV. Serum analysis of amyloid beta-protein 1-40 in healthy subjects, autistic children and Alzheimer’s patients.  Journal of Special Education and Rehabilitation 2008; 9(1-2): 93–99.
9.Casanova FM, Mott M. The Neuropathology of Autism: A Selective Review. Journal of Special Education and Rehabilitation 2006; 7(3-4): 21–35.
10. Casanova FM, Farag A, El-Baz A, Mott M, Hassan H, Fahmi R, Switela EA. Abnormalities of the gyral window in autism: a macroscopic correlate to a putative minicolumnopathy. Journal of Special Education and Rehabilitation 2006; 7(1-2): 85–101.
11.Trajkovski V, Vasilevska K, Ajdinski Lj, Spiroski M. Epidemiological characteristics of autism in Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation 2005; 6(3-4): 25–39.
12.Kopachev D. Neuropsychological development dynamic approach in children with autism.  Journal of Special Education and Rehabilitation 2005; 6(1-2): 5–16.
13.Spiroski M. Immunologycal approach to the diagnosis of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2005; 6(1-2): 17–26.
14.Ajdinski Lj. Condition, organization and directions in solving the problem of people with autism in the Republic of Macedonia.  Journal of Special Education and Rehabilitation 2005; 6(1-2): 43–52.
15.Petrova V, Petrov R. Treatment of children with autism within the group of children with mental retardation.  Journal of Special Education and Rehabilitation 2005; 6(1-2): 61–68.
16.Lazarovska V, Dimitrovska Z. A presentation of a case of a child suffering from autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2005; 6(1-2): 69–74.
17.Trajkovski EV. Innovations in therapy of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2004; 5(3-4): 43–56.
18.Singh KV. Rehabilitation of autism with immune modulation therapy. Journal of Special Education and Rehabilitation 2004; 5(3-4): 161–178.
19.Trajkovski V. Etiology of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2004; 5(1-2): 61–74.
20.Kopachev D, Trajkovski V. Autism and tuberous sclerosis. Journal of Special Education and Rehabilitation 2000; 4(3-4): 84–89.
21.Selakovikj M. Yeasts as a possible etiological factor of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2000; 4(3-4): 96–99.
22.Simikj JN, Golubovikj S. Evalution of the communicative behavior as a base for diagnosis and treatment planning of communicational impairments with children with autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2000; 4(3-4): 118–123.
23.Trajkovski V. Autism on the internet. Journal of Special Education and Rehabilitation 2000; 4(3-4): 124–131.
24.Trajkovski V, Spiroski M. Imunodiagnostic and immunotherapy of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 2000; 4(1-2): 17–21.
25.Ajdinski Lj. Children with autism and how to organize their treatment in Republic of Macedonia. Journal of Special Education and Rehabilitation 1999; 3(3-4): 57–66.
26.Lukic D. Autistic children protection scheme. Journal of Special Education and Rehabilitation 1998; 2(2-3): 135–144.
27.Lakoski A. Genetic aspects of autism. Journal of Special Education and Rehabilitation 1997; 1(2): 49–55. 

Главен и одговорен уредник

Десетто предавање ФФА - 29.11.2013

Драги студенти,
Еве го и предавањето по ФФА за задутре петок (29.11.2013). Ќе предавам за физиологија на сетило за вид. Повелете видео клипови.
Предметен наставник

Десетто предавање ХГ - 28.11.2013

Драги мои студенти,
По пауза од 12 дена утре повторно со вас на Хумана генетика. Со почеток во 08:00 часот ќе ви говорам за Генетски аспекти на глувост и слепило. Прочитајте нешто околу тоа. На стариот блог ќе можете да најдете интересни видео презентации во контекст на темата. Бидете точни, вкалкулирајте го снегот.
Предметен наставник

Tuesday, November 26, 2013

Мајка на дете со аутизам

Драги пријателки и пријатели,
Како што напомнав вчера на мојот ФБ профил, во Златибор запознав многу прекрасни луѓе. Овде сакам да се осврнам на една мајка на дете со аутизам која се вика Весна Клачар. Мајка-борец, која знае што сака и која се бори за правата на својата ќерка. По професија археолог, а сега повторно студира втора година на ФАСПЕР. Имаше забележително предавање во Златибор. Во последната година има организирано неколку настани за подигнување на јавната свест за аутизмот во Србија. Покрај тоа што е голем борец, остава впечаток на една космополитска широчина, нешто што не можат да се пофалат многу мајки во Македонија. Ме покани на настанот што ќе се одржи на 7 декември во Обреновац под наслов: „Интеракции со публиката„, на кој за жал не можам да одам заради набиена агенда. И ветив дека во 2014 ќе подржам најмалку една акција во нејзиниот град Обреновац. Нејзината големина одеше дотаму што во замена понуди да покрие патни трошоци и сместување за неколку студенти од Македонија и тоа од сопствени средства. Таа се уште нема некоја НВО која би ги финансирало овие трошоци. Госпоѓата Клачар знае што треба да направи за своето дете, таа знае да почитува профеосор и не се занимава со рекла-кажала, или со ширење невистини и предрасуди како некои мајки, тука во Скопје. Госпоѓа Клачар ви посакувам успешен настан и да истраете во борбата за подобро утре на вашата ќерка, борба со администрацијата која не е нималку лесна. Таа борба бара многу себеоткажувања, бара многу финансиски средства, многу искината нерви. Ви посакувам се' најдобро.
Претседател на МНЗА

Monday, November 25, 2013

Некои напомени за семинарските трудови

Почитувани студенти од прва година,
Сакам да споделам некои напомени во врска со предавањето на семинарски трудови. Ве потсетувам дека семинарските трудови ќе се примаат во печатена верзија најдоцна до 29.11.2013 година во 15:00 часот, а електронската верзија најдоцна до 23:59 истиот датум. За да не ми праќате сите електронска пошта отворив корисничка сметка на www.gmail.com
корисничко име: defektologijaseminarski
лозинка: defekt2013
Кога ќе влезете во корисничката сметка треба да одите во делот Drive, поранешен Google Docs и да го качите (upload-ирате) вашиот Word документ, т.е. вашиот семинарски труд. Именување на фајлот треба да биде вашето име и презиме-наслов на семинарската-ФФА. Трудовите треба да ги закачите во делот: Семинарски трудови-ФФА-ноември-2013 и ХГ-ноември-2013. Студентите од Институтот за психологија треба да ги закачат трудовите во соодветните фолдери. Сите трудови што ќе стигнат по 30.11.2012 нема да бидат земени предвид за оценување.
Предметен наставник

Monday, November 18, 2013

Нови индекасации на ДТП/JSER

Почитувани читатели,
Сакам да ве информирам за новите индекасации на ДТП/JSER кои ги добив од електронскиот издавач De Gruyter. За жал сите овие бази на податоци се со плаќање и не можам да ви обезбедам директен линк кој би водел до нивните веб страници.
Новите индексации се во следните бази на податоци:
  • Celdes
  • CNPIEC
  • J-Gate
  • Naviga (Softweco)
  • Primo Central (ExLibris)
  • TDOne (TDNet)
  • Ulrich's Periodicals Directory/ulrichsweb
  • WorldCat (OCLC)
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Мала промена во времето на тргнување за Златибор

Почитувани студенти,
Пред малку се слушнав со возачот и со него договорив поаѓање во 07.00 часот пред паркингот на ФЗФ. Вие бидете точно на време во 7 часот, не мора порано. Ете мислам на вашето спиење да се пролонгира барем 45 минути ако ништо повеќе.
Водачот на патот

Saturday, November 16, 2013

Некои напомени за студентите патници кои ќе одат за Златибор

Почитувани студенти,
Сакам да ви дадам некои напомени за патувањето во Златибор. Во однос на патот сме биле во заблуда дека се стига за 5-6 часа. Од агенцијата ми кажаа дека на возачот кој морало да вози по прописи 80 км на час му требале 9 часа, а растојанието од Скопје до таму е околу 500 км. Бидејќи организаторот инсистира да бидеме во Залтибор околу 15:00 часот, донесов одлука да бидете на паркингот на ФЗФ, наспроти МРТ во среда во 06:15 часот најдоцна, а ќе тргнеме веднаш по собирањето, т.е. најдоцна 06:25. Кој не го почитува ова може и да остане во Скопје. Значи, нема да толерирам доцнења. По пат една пазуа задолжително морало да направи возчаот во времетрање од 30 минути и тоа кај Предејане. Пред тоа имаме чекање на граница, така што многу други паузи не верувам дека ќе ги правиме, освен по стриктна потреба (а тоа не подразбира потреба за пушење цигари).
Сместувањето таму ќе биде во двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби, зависно од тоа што ќе понуди организаторот.
Во однос на плаќањето котизација ви реков да си земете точно пари во евра колку што изнесува плаќањето (секој од вас знае по колку треба да плати).
Ако некој зема хронична терапија, но и останатите од вас треба да земат лекови за настинка, повраќање и слично зашто таму не знаеме дали има апотеки и по која цена ги продаваат лековите. За по пат земете си храна, вода и сокови. Дозволено е носење на ЦД-а за пуштање музика во автобусот или ако некој свири на некој инструмент нека го земе со себе.
Она што треба најбргу треба да го направите и тоа најдоцна до утре (недела во 18 часот) е да пратите имиња и презимиња и број на пасош или лична карта со датум на раѓање и да го испратете на следната адреса: m_filipovska@hotmail.com
Немојте за заборавите лична карта или патна исправа да понесете со вас.
Таму очекувам коректно, достоинствено студентско однесување без ексцесни ситуации.
Се гледаме во среда наутро, ако не и пред тоа на ФЗФ во понеделник или вторник. Ви стојам на располагање за сите информации.
Водачот на патот :)

Friday, November 15, 2013

Водич за изработка на семинарски работи

Почитувани студенти,
Доколку уште не сте го симнале водичот за изработка на семинарски работи, еве ви пригода да го сторите тоа. Клик на линк!
Предметен наставник

Најчести грешки во семинарските трудови

Почитувани студенти,
Сакам да ви укажам на најчестите грешки кои ги прават студентите од минатите генерации, со цел да не се повторат кај вас. Најголемата грешка е што 95% од вас не цитираат, што се смета за плагијат. Некои препишуваат цели делови од мојата книга, а тоа не е поентатата, туку треба да се консултира дополнителна литература. Треба да имате цитирано најмалку 6 референци, а некои од студентите користат само 2-3. Семинарскиот труд треба да има 10 страници, но за некои одстудентите  има од 12-16 страници. Од технички аспект не се користи фонтот, проредот, изедначувањето на маргините што е посочено во водичот. Сликите често се неозначени без легенда што тие значат. Понекогаш заклучоците се несоодветни за пишуваниот текст. Веб страниците ви се наведени само како линкови без притоа да се наведе кој е насловот на страницата. Во литература прво се пишуваат авторите на делото без титули, па насловот, па град, издавач, година, итн. Поради сите овие недостатоци може да имате од 2 до 9 поени. Забележете ги овие недостатоци и грешки и не ги повторувајте во вашите семинарски трудови.

Предметен наставник

Деветто предавање ФФА - 16.11.2013

Почитувани студенти,
Утре во 12:00 часот ќе започне деветтото предавање по Физиологија со функционална анатомија. Според силабусот следува систем на сетила прв дел. На стариот блог има видео клипови кои ја објаснуваат оваа тематика. Убеден сум дека сакате да добиете плус за утрешното присуство.
Предметен наставник

Деветто предавање ХГ - 16.11.2013

Почитувани студенти,
Како што веќе се договоривме утре во 9.30 часот ќе го одржам деветтото предавање по Хумана генетика со почеток во 09:30 часот во слушална 11. Ќе предавам за хромозомопатиите. На стариот блог има одлични илустрации за дадените синдроми кои се дел од силабусот по предметот. Ве очекувам во доволен број.
Предметен наставник

Јануарска испитна сесија 2014

Почитувани студенти,
Многумина од вас немаат поим каде ќе одат за Нова година, а ние веќе ја планираме јануарска испитна сесија за 2014 година. Еве како и секогаш од прва рака ги дознавате термините по моите предмети. Студентите имаат право да изберат само една декада за еден испит.

1 декада
22.01.2014 - ФФА, Генетика и Физиологија во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
23.01.2014 - ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2 во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија

2 декада
29.01.2014 - ФФА, Генетика и Физиологија во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
30.01.2014 - ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2 во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија

Почнете да учите време е! :)
Предметен наставник

Термини втора колоквиумска недела

Почитувани студенти,
Ве информирам дека вториот колоквиум по сите предмети за студенти од двата института ќе се одржат на 20.12.2013 година во 08:30 часот пред библиотеката на Институтот. Вие треба да дојдете 15 минути порано. Студентката која ги има положено ФФА и ХГ да ми се јави за да се договориме кога ќе го полага вториот предмет.
Предметен наставник

Thursday, November 14, 2013

Осмо предавање ФФА - 15.11.2013

Почитувани студенти,
На стариот блог ќе можете да најдете видеоклипови од минатото предавање, но и од тоа што ќе го зборувам утре, а тоа се однесува на моторен систем.
Предметен наставник

Програма за студентскиот конгрес во Златибор

Почитувани студенти,
Ви се обраќам вам што ќе патувате за Златибор и што ве интересира програмата. Пред малку ја добив и сакам да ја споделам со вас. Знам дека со нетрпение ја очекувавте. Тие што ќе презентирате да ви кажам дека ќе имате 20 минути на располагање, значи повеќе од тоа што предвидувавме. Програмата е интересна и покрај домаѓините од Белград, ќе има студенти од Загреб и Љубљана. Последниот ден ќе ги добиете заслужените сертификати за учество.
Повелете драги мои студенти програма за студентскиот конгрес.
Член на научен одбор

Вонредна вест за предавања ХГ и ФФА во сабота 16.11.2013

Почитувани студенти,
Сакам да ви соопштам дека ми се отвори простор оваа сабота за да ги одржам предавањата по ХГ и ФФА што ќе ги губиме наредниот четврток и петок заради моето патување во Златибор на студентскиот конгрес.
Ви соопштувам дека за предавање Хумана генетика ќе треба да дојдете во 9.30 часот во слушална 11 на ФЗФ, а предавањето Физиологија со функционална анатомија ќе започне во 12.00 часот во истата просторија. За предавањата ќе се води евиденција и сакам да напоменам да не планирате никакви други активности за оваа сабота во тие термини. Затоа, идната недела имате 4 слободни денови во серија.
Предметен наставник

Wednesday, November 13, 2013

Водич како да се подготват Интернет ресурси

Почитувани студенти,
Кога ви недостасуваат поени тогаш ви давам да обработите труд од списанието „Дефектолошка тероија и практика„, но често знам да дадам и интернет ресурси. За да направите интернет ресурси треба да имате интернет конекција да знаете да пребарувате преку Интернет пребарувачите Google, Yahoo, Bing и други. Штом добиете одредена тема вие треба на англиски јазик да пребарате минимум 5-6 интернет адреси, да ги одберете најдобрите делови од тие веб страници, да ги копирате и да ги префрлите во Word документ на оригинален јазик. Потоа документот убаво треба да го средите технички. На крај од литературата треба да бидат наведени насловите и веб адресите кои сте ги користеле во текот на пребарувањето. Првата страница е насловна како кај семинарски трудови и по неа треба да има најмногу уште 4-5 страници. Интернет ресурсите треба да се бранат во ден предвиден за таа цел и кој ќе биде објавен на овој блог. Се надевам дека нешто ви е појасно сега.
Предметен наставник

Осмо предавање ХГ – 14.11.2013

Почитувани студенти,
Во четврток ќе го имаме осмото предавање по Хумана генетика. Теми за разговор ќе бидат пренатална дијагноза и конгенитални малформации. Клиповите ќе можете да ги погледнете на стариот блог, кој се` уште е активен и не се дава.
Предметен наставник

Tuesday, November 12, 2013

Lily Allen - Somewhere only we know

Драги мои,
Ноември е мојот месец. Keane е една од моите омилени групи. Оваа cover верзија на Lily Allen - Somewhere only we know е наменета за Божиќ кој иако е рано, сепак се решив да ја постирам денес. Нумерата е боженствена и го погодува токму моето расположение во последните недели. Сигурен сум дека ќе ви се допадне.
Уживајте го овој влажен, дождлив, ноемвриски ден.
DJ Vac


Saturday, November 9, 2013

Донирани 15 броја од ДТП/JSER на ПОУ „Иднина“

Драги колешки и колеги,
Во средата на 6 ноември имав убава прилика да подарам 15 броја од списанието „Дефектолошка теорија и практика“. Имено позитивно одговорив на поканата на библиотекарот во тоа училиште госпоѓата Славица Тодорова да присуствувам на стручниот актив каде што беа презентирани два труда од неодамна завршената конференција во Охрид по повод 20 години од нашиот Институт. Благодараност до неа и до директорката Анета Петровска и до сите колеги за гостопримството и за доделената благодарница. Знам каква е финансиската состојба со училиштата и нивните библиотеки и решив да донирам 15 различни броја од ДТП што во парична вредност изнесува скромни 7500 денари. Беше тоа прилика по повеќе од 10 години да ја посетам оваа установа и да видам помлади колешки и колеги на кои на времето сум им бил асистент или тазе доцент. Во продолжение за илустрација неколку фотографии од настанот.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER






Friday, November 8, 2013

Седмо предавање ФФА - 08.11.2013

Драги студенти,
Во прилог се видео клиповите од утре каде ќе се зборува за сензорен и моторен систем на човекот.
Предметен наставник









Wednesday, November 6, 2013

Седмо предавање ХГ - 07.11.2013

Драги студенти,
По пауза од две седмици, утре повторно на предавање. Колоквиумската недела помина како што помина, одиме натаму. Утре ќе ви зборувам за Генски мутации и Метаболичи генопатии. покрај тоа што реков дека не треба да постирам клипови, сепак одлучив да продолжам. Во продолжение проследете неколку видео клипови.
Предметен наставник















Saturday, November 2, 2013

Драган Мијалковски - Нашата последна ноќ

Драги мои,
Саботно ноемвриско, есенско утро и повторно мислите се враќаат во детските денови. Се навраќаат на една од најголемите поп музички ѕвезди, а тоа е несомнено Драган Мијалковски со една балада од 1974 година. Беше еден од најдорбрите ЈУ вокали во текот на 70-тите и освојуваше награди на тогашните фестивали во Сараево, Загреб, Белград и по други места. Минатата година на Скопје фест покажа дека гласот уште го служи и им одржа вистинска лекција по пеење на помладите. Овде за вас ја одбрав неговата песна „Нашата последна ноќ„. Уживајте го викендот.
DJ Vac


Friday, November 1, 2013

Резултати од првиот колоквиум ФФА - 01.11.2013

Почитувани студенти од прва година,
Во прилогот се резултатите од првиот колоквиум по Физиологија со фунцкионална анатомија. Тие се нешто подобри за нијанса од вчерашните по Хумана генетика. Но, општ е впечатокот дека многу малку сте учеле и сте се потрудиле по моите предмети.
Предметен наставник

Резултати од првиот колоквиум МОИ - 01.11.2013

Почитувани студентки од втора година,
Во прилог се резултатите од првиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. Сите три студентки го положија колоквиумот со релативно добри резултати. Нека им е честито.
Предметен наставник