Драги пријателки и пријатели,
Како што напомнав вчера на мојот ФБ профил, во Златибор запознав многу прекрасни луѓе. Овде сакам да се осврнам на една мајка на дете со аутизам која се вика Весна Клачар. Мајка-борец, која знае што сака и која се бори за правата на својата ќерка. По професија археолог, а сега повторно студира втора година на ФАСПЕР. Имаше забележително предавање во Златибор. Во последната година има организирано неколку настани за подигнување на јавната свест за аутизмот во Србија. Покрај тоа што е голем борец, остава впечаток на една космополитска широчина, нешто што не можат да се пофалат многу мајки во Македонија. Ме покани на настанот што ќе се одржи на 7 декември во Обреновац под наслов: „Интеракции со публиката„, на кој за жал не можам да одам заради набиена агенда. И ветив дека во 2014 ќе подржам најмалку една акција во нејзиниот град Обреновац. Нејзината големина одеше дотаму што во замена понуди да покрие патни трошоци и сместување за неколку студенти од Македонија и тоа од сопствени средства. Таа се уште нема некоја НВО која би ги финансирало овие трошоци. Госпоѓата Клачар знае што треба да направи за своето дете, таа знае да почитува профеосор и не се занимава со рекла-кажала, или со ширење невистини и предрасуди како некои мајки, тука во Скопје. Госпоѓа Клачар ви посакувам успешен настан и да истраете во борбата за подобро утре на вашата ќерка, борба со администрацијата која не е нималку лесна. Таа борба бара многу себеоткажувања, бара многу финансиски средства, многу искината нерви. Ви посакувам се' најдобро.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment