Ве поканувам во среда 31.05.2017 година
за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10 до 13 часот. Истиот
период важи за секаков тип на консултации. Напоменувам дека ова е последниот термин пред јунската сесија. Потоа најрано што може да има ваков термин е меѓу 20 и 30 јуни или по 15 август. Затоа, искористете ја последната шанса ако сакате да полагате или да добиете потпис во јунската сесија.
Предметен наставник
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Monday, May 29, 2017
Thursday, May 25, 2017
15 ЕКТС поени - 26.05.2017
Почитувани студенти,
Ве поканувам утре петок 26.05.2017 година за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 11 до 13 часот. Истиот период важи за секаков тип на консултации.
Предметен наставник
Ве поканувам утре петок 26.05.2017 година за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 11 до 13 часот. Истиот период важи за секаков тип на консултации.
Предметен наставник
Wednesday, May 24, 2017
Потписи преслушувачи МОИ - 26.05.2017
Почитувани студенти преслушувачи,
Како што претходно ви напоменав потписи ќе ви дадам во петок на 26.05.2017 година во слушална 11 на ФЗФ со почеток во 09:30 часот. Ве молам не ги заборавајте индексите. Тие што имаат повеќе од 2 минуси ќе може да ја одговараат задачата што им беше дадена или доколку не земале се` уште задача, тогаш да ја земат и час поскоро да ја завршат обврската. По 1 јуни ќе се концентрирам само на испитната сесија, а не и на вакви административни работи. Искрено се надевам на разбирање.
Предметен наставник
Список на освоени ЕКТС поени по МОИ - 2017
Почитувани студенти,
Најпрвин честит патрониот празник на УКИМ „Св. Кирил и Методиј". Како што ви ветив еве празнично да ви го испратам списокот на освоени 15 ЕКТС поени за да си знаете каква ви е ситуацијата. Само 6 студентки успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: една има 10, една има 8, три добија 7 и една доби оцена 6. Нека им е честито на сите нив. Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа не порано од 7 јуни. Студентите што се означени во црвена боја треба да земат задача и да ја одговараат таа задача овој петок, наредната седмица или наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и да полагаат испит и тие или се вонредни студенти, или се откажале од студирањето.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Предметен наставник
Tuesday, May 23, 2017
Резултати од вториот колоквиум МОИ - 23.05.2017
Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. За жал повеќето од половината на успеаа да го положат вториот колоквиум и ќе мора да дојдат да го полагаат целиот испит.
Предметен наставник
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. За жал повеќето од половината на успеаа да го положат вториот колоквиум и ќе мора да дојдат да го полагаат целиот испит.
Reden broj
|
Broj na indeks
|
Bodovi
|
1.
|
24044/16
|
28
|
2.
|
8415/13
|
26
|
3.
|
24037/16
|
20
|
4.
|
24104/16
|
20
|
5.
|
24211/16
|
18
|
6.
|
24106/16
|
18
|
7.
|
9479/16
|
18
|
8.
|
24052/16
|
15.5
|
9.
|
23790/15
|
15
|
10.
|
24077/16
|
14.5
|
11.
|
9575/16
|
14
|
12.
|
8542/14
|
13
|
13.
|
23782/15
|
12
|
14.
|
23764/15
|
10.5
|
15.
|
23747/15
|
6
|
16.
|
8521/14
|
6
|
17.
|
8370/14
|
3.5
|
Предметен наставник
Friday, May 19, 2017
Напомени за презентациите
Драги мои студенти,
Во пресрет на семинарот по МОИ сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра power point презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации.
Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на екран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви. За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации остануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.
Среќно!
Предметен наставник
Среќно!
Предметен наставник
Втор колоквиум, семинар и потписи МОИ - 23.05.2017
Почитувани студенти,
Сакам уште еднаш да ве потсетам за текот на задачите кои треба да ги исполниме во вторник 23.05.2017 година. Вториот колоквиум ќе се одржи со почеток во 08:00 часот и тоа во лабораторитајта на Педагошки факултет. Право на полагање имаат само тие студенти што го положија првиот колоквиум. Семинарот по МОИ ќе се одржи со почеток во 09:00 часот и на него треба да присуствуваат сите редовни и вонредни студенти (кои сакаат) од прва година. Ќе има 13 презентации на семинарски трудови. Презентациите треба да ми бидат доставени на службената е-пошта најдоцна до недела 21 мај во 20:00 часот. Присуството на семинарот ќе се евидентира како присуство за предавања. Веднаш по семинарите некаде околу 11:30 часот ќе бидете поделени во групи како што беше досега и ќе се евидентира присуството за вежби. Сите вие кои имате по три и повеќе минуси на вежби и предавања нема да можете да добиете потпис. Ве молам не ги заборавајте индексите во вторник. Сите оние кои добија задачи за дополнување до 15 ЕКТС поени ќе може да ги одговараат по завршувањето со потписите.
Напомена: пред сите овие активности должни сте да дојдете 10-15 минути порано.
Предметен наставник
Wednesday, May 17, 2017
15 ЕКТС поени - 18.05.2017
Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 18.05.2017 година да одговарате за 15 ЕКТС поени во термин од 11:00 до 13:00 часот. Истиот термин важи за сите видови на консултации. Ве молам искористете го терминот, бидејќи до крајот на мај односно до почеток на сесијата ќе има само уште 1-2 такви термини.
Со почит,
Предметен наставник
Со почит,
Thursday, May 11, 2017
15 ЕКТС поени - 12.05.2017
Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 12.05.2017 година да одговарате за 15 ЕКТС поени во термин од 11:00 до 13:00 часот. Истиот термин важи за сите видови на консултации.
Со почит,
Предметен наставник
Со почит,
Thursday, May 4, 2017
Француските портали за нашиот труд
Почитувани колешки и колеги,
Убавите работи надалеку се слушаат. Па така, нашиот заеднички труд со колегите од САД неодамна објавен во Journal of Autism and Developmental Disorders неодамна се појави на еден од француските портали. За тие што разбираат француски нека повелат текстот.
Извор: www.gynger.fr
Autisme: apprendre aux parents à se former entre eux
Убавите работи надалеку се слушаат. Па така, нашиот заеднички труд со колегите од САД неодамна објавен во Journal of Autism and Developmental Disorders неодамна се појави на еден од француските портали. За тие што разбираат француски нека повелат текстот.
Извор: www.gynger.fr
Autisme: apprendre aux parents à se former entre eux
Lorsque les prises en charge validées ne peuvent être prodiguées faute de spécialistes, pourquoi ne pas former directement les parents ? C’est ce qu’ont entrepris des chercheurs en Macédoine avec des parents d’enfants porteurs de troubles autistiques. Les résultats qu’ils ont publiés dans le « Journal of autism and developmental disorders » sont assez probants. Les docteurs Blake Hansen (Université Brigham Young, USA) et Vladimir Trajkovski (Université Cyril et Methodius, Skopje, Macédoine) ont répondu à quelques questions.
Comment soutenir les familles d’enfants autistes dans des pays aux faibles ressources économiques ? Une équipe de chercheurs américains et macédoniens a voulu tester l’implantation d’un programme de guidance comportementale auprès de parents d’enfants porteurs de troubles du spectre autistique en Macédoine. Ce pays d’Europe de l’est connaît une transition laborieuse depuis plusieurs années et ne bénéficie pas, selon les auteurs, des services, structures, et du personnel formé permettant d’accompagner au mieux ces enfants et leurs parents. « Les familles supportent le fardeau d’éduquer leurs enfants avec peu de soutien à leur disposition », notent les chercheurs dans l’article publié dans le « Journal of autism and developmental disorders ». Le repérage des troubles du développement est lacunaire et les zones rurales dépourvues de centres de soins de qualité. « Comme ailleurs, les parents macédoniens vont sur internet et trouvent des ressources sur les prises en charge efficaces », précise Blake Hansen qui a coordonné l’étude. «Mais nous manquons de spécialistes capables de dispenser des thérapies éducatives et comportementales » complète le docteur Vladimir Trajkovski.
Wednesday, May 3, 2017
15 ЕКТС поени - 04.05.2017
Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 04.05.2017 година да одговарате за 15 ЕКТС поени во термин од 11:00 до 13:00 часот. Истиот термин важи за сите видови на консултации.
Предметен наставник
Subscribe to:
Posts (Atom)