Friday, May 19, 2017

Втор колоквиум, семинар и потписи МОИ - 23.05.2017

Почитувани студенти,
Сакам уште еднаш да ве потсетам за текот на задачите кои треба да ги исполниме во вторник 23.05.2017 година. Вториот колоквиум ќе се одржи со почеток во 08:00 часот и тоа во лабораторитајта на Педагошки факултет. Право на полагање имаат само тие студенти што го положија првиот колоквиум. Семинарот по МОИ ќе се одржи со почеток во 09:00 часот и на него треба да присуствуваат сите редовни и вонредни студенти (кои сакаат) од прва година. Ќе има 13 презентации на семинарски трудови. Презентациите треба да ми бидат доставени на службената е-пошта најдоцна до недела 21 мај во 20:00 часот. Присуството на семинарот ќе се евидентира како присуство за предавања. Веднаш по семинарите некаде околу 11:30 часот ќе бидете поделени во групи како што беше досега и ќе се евидентира присуството за вежби. Сите вие кои имате по три и повеќе минуси на вежби и предавања нема да можете да добиете потпис. Ве молам не ги заборавајте индексите во вторник. Сите оние кои добија задачи за дополнување до 15 ЕКТС поени ќе може да ги одговараат по завршувањето со потписите.
Напомена: пред сите овие активности должни сте да дојдете 10-15 минути порано.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment