Wednesday, May 24, 2017

Список на освоени ЕКТС поени по МОИ - 2017

Почитувани студенти,
Најпрвин честит патрониот празник на УКИМ „Св. Кирил и Методиј". Како што ви ветив еве празнично да ви го испратам списокот на освоени 15 ЕКТС поени за да си знаете каква ви е ситуацијата. Само 6 студентки успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности за време на наставата и тоа: една има 10, една има 8, три добија 7 и една доби оцена 6. Нека им е честито на сите нив. Оценки ќе може да земат кога ќе биде објавено на овој блог и тоа не порано од 7 јуни. Студентите што се означени во црвена боја треба да земат задача и да ја одговараат таа задача овој петок, наредната седмица или наредните месеци кога ќе има термини за освојување 15 ЕКТС поени. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и да полагаат испит и тие или се вонредни студенти, или се откажале од студирањето.
Списокот во Ексел формат можете да го симнете овде.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment