Wednesday, January 31, 2018

Консултации летен семестар - 2018

Почитувани студенти, драги колешки и колеги,
Консултациите во летниот семестар ќе се одвиваат по следниот распоред:

Понеделник   10:00-11:30 часот
Среда  10:00-11:30 часот

Го задржувам правото заради позначајни обврски да не бидам присутен во тој термин во кабинет, но затоа по договор на е-пошта секогаш нудам и други термини. Затоа, ве молам пред да дојдет,е еден ден порано не е лошо да ме контактирате по е-пошта.

Предметен наставник

Tuesday, January 30, 2018

Syllabus по предметот МОИ - 2018

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог ви го праќам силабусот по предметот Медицински основи на инвалидноста. Предавањата започнуваат на 13.02.2018 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Вежбите почнуваат во седмицата од 20.02.2018 година. Се известуваат сите студенти од минатите генерации кои ниту еднаш немааат добиено потпис веднаш да се пријават кај координаторката по ЕКТС на нашиот институт за да ги евидентира во списокот за предавања и вежби. Распоред за вежби и информација за набавка на литература ќе добиете дополнително.

I. Недела 13.02.2018
1. Класификација на менталната ретардација
2. Епидемиологија на менталната ретардација

II. Недела 20.02.2018
3. Етиологија на менталната ретардација
4. Преглед на ментално ретардирано лице
5. Физички и биолошки методи на преглед на МРЛ
6. Дијагноза на ментална ретардација

III. Недела 27.02.2018
7. Диференцијална дијагноза на менталната ретардација
8. Третман на менталната ретардација
9. Прогноза на менталната ретардација
10. Превенција на менталната ретардација
11. Шизофренија

IV. Недела 06.03.2018
12. Хиперкинетски синдром (АДХД)
13.Myasthenia gravis
14. Мултипна склероза

V. Недела 13.03.2018
15. Аутизам
16. Ретт-ов синдром

VI. Недела 20.03.2018
17. Церебрална парализа
18. Развојни заболувања на ЦНС

VII. Недела 27.03.2018
I КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 03.04.2018
19. Методи на испитување на слухот
20. Аудиометрија
21. Испитување на слухот кај децата

IX. Недела 10.04.2018
22. Акутни воспаленија на надворешното уво
23. Акутни воспаленија на средното уво
24. Хронични воспаленија на средното уво
25. Отогени компликации

Х. Недела 17.04.2018
26. Мениерова болест
27. Отосклероза

XI. Недела 24.04.2018
28. Нарушувања на говорот
29. Основи на фонијатријата
30. Методи на преглед во фонијатријата
31. Фонација
32. Фонациски автоматизми
33. Нарушувања на фонацијата
34. Функционални нарушувања на гласот
35. Гласот и говорот по ларингектомија

XII. Недела 08.05.2018
36. Испитувања на функцијата на видот (офталмолошки тестови)
37. Рефракција на окото
38. Видови рефракции и испитувања на рефракцијата
39. Миопија
40. Хиперметропија

XIII. Недела 15.05.2018
41. Страбизам
42. Патолошки промени на леќата

XIV. Недела 22.05.2018
43. Глауком (поим и дефиниција)
44. Состојби на глауком
45. Вроден глауком
46. Функционална амблиопија

XV. Недела 29.05.2018
II КОЛОКВИУМ
Семинар
Потписи


Предметен наставник

Monday, January 29, 2018

УКИМ поддршка за објавување трудови во престижни списанија за 2016 година

Почитувани колешки и колеги,
Имам особена чест и задоволство да ве информирам дека моите трудови се избрани за финансиска поддршка во рамки на Конкурсот на УКИМ за поддршка за објавување трудови во престижни списанија за 2016 година. Јас сум во добитнците на наградата во рамките на хуманистичките науки на УКИМ. Ова се трудовите кои беа објавени во престижни списанија.

  • Vladimir Trajkovski, HOW TO SELECT APPROPRIATE STATISTICAL TEST IN SCIENTIFIC ARTICLES, Journal of Special Education and Rehabilitation 17 (3-4), 5–28 (2016).
  • Vladimir Trajkovski, THE ROLE OF ARTICLE LEVEL METRICS, Journal of Special Education and Rehabilitation 17 (1-2), 5–15 (2016).
  • Vladimir Trajkovski, IMMUNOGENETIC ASPECTS OF AUTISM SPECTRUM DISORDERS, Pediatrica Croatica 60 (Supl 1), 84–89 (2016).
Голема благодарност до Ректорот и Проректорот за наука на УКИМ за востанувањето на ваква стимулативна поддршка, како и за селектирањето на моите трудови. Ова е моја прва награда од УКИМ што ме чини посебно горд.

Наградениот

Saturday, January 27, 2018

Пишување оцени - 29.01.2018

Почитувани студенти,
Второто пишување оцени ќе се одвива во понеделник на 29.01.2018 година од 09:00 до 11:30 во мојот кабинет. Ве молам за почитување на термините, поради моја зафатеност. Друг ваков термин за оцени во оваа сесија нема да има, туку ќе треба да ме барате специјално. Во исто време ве потсетувам дека овој термин може да се искористи за секаков вид на консултации.
Предметен наставник

Термини за полагање испити за втор циклус студии - зимска сесија 2018

Почитувани постдипломци,
Ви ги давам на увид термините за полагање на моите испити од втор циклус студии за февруарската испитна сесија. Тоа се следните датуми:

09.02.2018
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 11:00 часот

28.02.2018
Аутизам во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 11:00 часот

Ве молам да ме известите по е-пошта за декадата во која сакате да ги полагате моите испити. Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила. Нека е со лесно подготвувањето на испитите.

Предметен наставник

Friday, January 26, 2018

Резултати од испитот ХГ - 26.01.2018

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Во рекордно време успеав да прегледам 69 тестови вклучително со претходниот испит. Само шест студенти го положија испитот. Честитки до нив. Нека им служи на чест на студентите што дојдоа само да го видат тестот и да освојат под 10 поени.

Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
24547/17
46.5
7
2.       
24085/16
45.5
7
3.       
24549/17
43.5
7
4.       
24516/17
37.5
7
5.       
8555/14
36
6
6.       
9141/15
36
6
7.       
9605/16
33
5
8.       
24572/17
31.5
5
9.       
8200/12
31
5
10.   
22830/12
28.5
5
11.   
9474/16
27.5
5
12.   
10051/17
27
5
13.   
24539/17
26
5
14.   
22188/11
23.5
5
15.   
24571/17
23.5
5
16.   
23267/14
22.5
5
17.   
24527/17
22
5
18.   
8512/14
20
5
19.   
24509/17
19.5
5
20.   
23087/13
19.5
5
21.   
7872/12
17.5
5
22.   
9481/16
17
5
23.   
24538/17
16
5
24.   
10027/17
15.5
5
25.   
10029/17
15
5
26.   
7095/11
14.5
5
27.   
7896/12
14.5
5
28.   
7900/12
14
5
29.   
24535/17
13.5
5
30.   
23144/13
13.5
5
31.   
10028/17
13.5
5
32.   
7044/10
11.5
5
33.   
8389/13
11.5
5
34.   
10111/17
9
5
35.   
8193/12
8.5
5
36.   
8207/12
7.5
5
37.   
22132/10
5
5

Предметен наставник