Tuesday, February 27, 2024

Обврски на вонредните студенти и другите без 15 ЕКТС поени

Почитувани вонредни студенти и другите без 15 ЕКТС поени,

Сите вие кои не доаѓате на настава бидејќи сте вонредни студенти ќе треба да освоите минимум 15 ЕКТС поени. За таа намена треба да добиете три задачи: семинарски труд, интернет ресурси и обработка на труд од списание. Побарајте ги веднаш преку мојата е-пошта. Сакам да ви укажам дека 30 април е последниот рок за предавање на задачите, а 25 мај за одбрана на задачиите што ќе ги добиете. Доколку сте вонредни студенти, а сепак имате време и сакате да ги следите сите предавања и вежби, тогаш нема потреба од овие три задачи. Но, во тој случај треба апсолутно редовно да ги посетувате предавањата и вежбите. 
Сите студенти од минатите генерации што не освоиле 15 ЕКТС поени, задачите ќе треба да ги одбранат најдоцна до 30 април, доколку сакаат да полагаат во јунската сесија.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment